Дали веруваш во живот после раѓањето? А во Мајката, дали веруваш во Мајката?

Ако досега не сте го прочитале едно од најдобрите објаснувања за концептот на БОГ, ја преведовме за вас оваа прекрасна парабола од книгата Your Sacred Self од д-р Вејн Даер.

361

Во матката на мајката имаше две бебиња. Близначиња. Едното го праша другото:

„Дали веруваш во живот после раѓањето?“ Другото одговорило, „Па да, секако. Мора да има нешто после раѓањето. Можеби ние сме тука за да се подготвиме за она што ќе бидеме подоцна“.

„Глупости“ рече првото. „Нема живот по раѓањето. Каков живот би бил тоа?“

Другото бебе одговорило, „Па не знам, ама таму мора да има повеќе светлина отколку овде. Можеби таму ќе одиме со нашите нозе и ќе јадеме преку нашите усти. Можеби ќе имаме и други сетила кои не можеме да ги разбереме сега“.

Првото одговорило, „Тоа е апсурдно. Одењето е невозможно. И да јадеме преку нашите усти? Смешно! Папочната врвка обезбедува исхрана и сè што ни треба. Но таа е многу кратка. Животот после раѓањето логично не може да постои“.

Второто инсистирало, „ Епа јас мислам дека има нешто и можеби е поинакво од ова што го имаме овде. Можеби нема да ни треба тој физички кабел повеќе“.

Првото одговорило, „Тоа се бесмислици. И дури и да има таму живот, тогаш зошто никој никогаш не се вратил од таму? Раѓањето е крај на животот и после тоа нема ништо освен темнина, тишина и заборав. Раѓањето не нè води никаде.“

„Сепак, не знам“, рече второто бебе, „но сигурно таму ќе ја сретнеме Мајката и таа ќе се грижи за нас.“

Првото праша, „Мајката? Ти всушност веруваш во Мајката? Тоа е смешно. Ако Мајката постои тогаш каде е Таа сега?“.

Второто рече, „Таа е насекаде околу нас. Опкружени сме со неа. Ние доаѓаме од неа. Ние всушност живееме во неа. Без неа овој свет не би можел и не би постоел.“

Првото рече: „ Епа јас не ја гледам и затоа логично е дека таа не постои“.

На тоа второто одговорило, „Понекогаш, кога седиш во тишина ако се фокусираш и пробаш навистина да слушнеш, тогаш ќе можеш да го почувствуваш нејзиното присуство и ќе можеш да го слушнеш нејзиниот глас полн со љубов, како те повикува одозгора.“

Можеби ова беше едно од најдобрите објаснувања за концептот на БОГ.
– оваа прекрасна парабола е од книгата Your Sacred Self од д-р Вејн Даер.

Повеќе