Дали жените претеруваат кога зборуваат за породилната болка?

Писателката Мили Хил отворено пишува за породувањето и вели дека болката при породувањето е сепак помал дел од она низ што поминува жената кога раѓа дете.

176

Кога зборуваше за нејзината книга „The Positive Birth Book“, во списанието „Телеграф“, писателката Мили Хил и мајка на три деца се осврна на темата колку навистина е болно породувањето.

„Кога ја пишував книгата „The Positive Birth Book“, сакав да ја разгледам широко распространетата теза дека породувањето кога се лежи на грб е всушност агонија“, вели авторката.

„Се прашував зошто луѓето не зборуваат повеќе за периодот помеѓу трудовите, кога (ако бебето е добро поставено) воопшто не чувствувате болка“, продолжи таа.

Се разбира, повеќето жени кога зборуваат за породувањето, зборуваат за болката што ја чувствувале. Но, Мили сака жените да не се плашат од породилните болки поради приказните што ги слушнале.

Чувство на еуфорија и сила

„Според моето искуство, а истото беше и за многу жени со кои разговарав, меѓу трудовите често чувствувате неверојатна сила, возбуда, па дури и еуфорија“, продолжува таа.

Мили вели дека го проучувала породувањето преку математиката и открила дека 77 проценти од времето кога жената раѓа е всушност безболна.

„Пресметав математички и резултатот е вистинско изненадување.

Во просечно породување кое трае осум часа, жената може да очекува да „боли“ само во текот на 23 отсто од времето, а останатите 77 отсто се безболни“, продолжува таа.

„Дури и при пеколните породувања, кога жената се породува 36 часа, сепак може да очекува дека ќе биде без болка 60 проценти од времето“, објаснува таа понатаму.

Зошто не се зборува за тоа време?

Според пресметките на Мила, тоа значи дека жената во осумчасовно породување ќе има болки два часа, односно 14 часа ако породувањето трае 36 часа.

Мили го основаше Движењето за позитивно раѓање, кое промовира позитивно размислување за породувањето.

„Широк спектар на истражувања покажува дека нашите искуства можат да се променат според нашите очекувања.

Понекогаш не сме свесни за оваа моќ, колку можеме да ги промениме нашите вистински искуства со менување на нашите очекувања“, конечно објасни Мили.

Повеќе