Децата летаат со економска, родителите со прва класа: Дали богатите луѓе треба да ги разгалуваат своите деца или не?

Дали им е на децата важно да летаат со прва класа и да добијат малку подобар оброк, дополнителен пијалак и поудобно седиште? Бизнисменот Семјуел Лидс и неговата сопруга одлучиле да не фрлаат залудно пари и да ги остават децата и нивната дадилка во економска класа додека тие двајца уживаат во првата

247

Понекогаш се обидуваме да им дадеме на нашите деца нешто само затоа што тоа е нешто што ни значи нам. Но, на крајот понекогаш се разочаруваме затоа што тоа не е исто толку привлечно за децата како што е за нас. Па зошто тогаш да не заштедите пари некогаш?

Летањето во авион не е нешто што секој може да си го дозволи, а камоли да лета во прва класа со сите привилегии што ги носи таа. Малку подобар оброк, дополнителен пијалак, пошироко и поудобно седиште… Всушност, сето тоа се придобивки кон кои децата се рамнодушни, па излегува дека плаќањето билет за прва класа за деца, со други зборови, е фрлање пари?

Ќе се согласиме дека одговорот е дека е тоа навистина така – губење пари. Така размислувал и еден татко, Семјуел Лидс, па на своите деца им купил билет во економска класа за нивното заедничко патување. Но, да, само за децата. За себе си купил билет за прва класа, ги поздравил децата и ги оставил во економската класа, додека тој со сопругата која е и негова бизнис партнерка го поминале летот со сите тие поволности во прва класа. Кога го објавил тоа на својот профил на TikTok, не ја разбрале и не ја прифатиле сите оваа поделба.

Меѓутоа, за да не ги налути веднаш сите свои следбеници, богатиот инвеститор покрај видеото на кое се поздравува со децата и оди кај сопругата во првата класа, напишал: „Не грижете се, тие беа со дадилката“. Исто така, тој вели и: „Богаташи, не ги разгалувајте вашите деца. Одам со бизнис класа затоа што јас и мојата сопруга го заработивме и го заслуживме тоа… Дали се согласувате или не?“

Следбениците под објавата се многу рамномерно поделени. Додека едни веруваат дека парите тешко ги заработиле тие, а не децата и дека од тоа тие треба да учат подоцна, други сметаат дека не е во ред што тој тоа време не го поминал со своите деца. „Знам дека тоа може да биде лекција, но нема шанси да бидам одделен од моите ќерки“, вели еден следбеник.

Друг пак, кој се согласува со Лидс, вели дека нема да го стори тоа за да ги научи децата на важна лекција. „Би го направил тоа само заради мирно патување!

Кога медиумите подоцна го прашале Лидс за ова, тој повторил дека едноставно не сака да ги разгалува децата. „Во ред е да уживаш во луксуз, ако знаеш од каде доаѓа тој луксуз. Им велам на моите деца „Оваа наша куќа, тато ја купи затоа што работеше многу и работеше вредно“. „Децата не можат да растат мислејќи дека е нормално да се возат во прва класа, дека е нормално да се живее во луксузни вили – не, тоа не е нормално“, изјавил Лидс за Today.

Што мислите вие за ова?

@samuel_leeds

Don’t worry, they were sat with their nanny ❤️ dint spoil your children #samuelleeds #richpeopleproblems #spoiledchild

♬ original sound – Samuel Leeds
Повеќе