Дедо Мраз, тоа си ти!

Вистината е убав, но и многу опасен подарок… Дали сте навистина подготвени да ја дознаете вистината за Дедо Мраз?

631

Да, постојано во овој период од годината зборуваме за Дедо Мраз и за овие теми, да се верува или не, да им се каже или не… Но ова е досега најдобриот предлог што сме го сретнале. Авторот е непознат, но вреди да се пренесе:

Синот: Тато, мислам дека сега сум доволно возрасен. Кажи ми – дали навистина постои Дедо Мраз?

Таткото: Добро, се согласувам дека сега си доволно голем. Но, пред да ти кажам, морам да те прашам нешто. Знаеш, вистината е многу опасен подарок, бидејќи кога еднаш ќе дознаеш нешто – повеќе не можеш да не го знаеш. Откако ќе ја дознаеш вистината за Дедо Мраз – никогаш повеќе нема да го гледаш на истиот начин. Затоа, морам да прашам – дали си навистина сигурен дека САКАШ да знаеш?

…кратка пауза…

Синот: Да, сакам да знам.

Таткото: Добро, ќе ти кажам. Да, има Дедо Мраз.

Синот: Навистина?

Таткото: Да, навистина, но тој не е некој старец со бела брада во црвен костум. Тоа е само нешто што им го кажуваме на децата. Знаеш, децата се премногу мали за да ја разберат вистинската вистина за Дедо Мраз, па им објаснуваме на тој начин.

Вистината за Дедо Мраз е дека тој НЕ е личност, туку ИДЕЈА.

Само сети се на сите оние подароци што ги добиваше од Дедо Мраз. Јас ги купив. Те гледав како ги отвораш. И дали ми пречеше што никогаш не ми се заблагодари за нив? Се разбира не!

Всушност, тоа ми приреди големо задоволство. Знаеш, Дедо Мраз е ИДЕЈАТА ЗА ДАВАЊЕ САМО ЗА ЗАДОВОЛСТВО, без да се очекува благодарност или признание за она што сме го направиле.

Кога ја видов жената која беше во неволја на станицата минатата недела и повикав помош, знам дека никогаш нема да знае дека јас сум тој што се јавил на 911. Бев Дедо Мраз во тој момент и во тој чин.

Синот: Да…

Таткото: Значи – сега кога ја знаеш вистината, стануваш дел од неа. Отсега мора да бидеш и Дедо Мраз. Тоа значи дека не смееш да им ја кажуваш оваа вистина на помалите деца и мора да помогнеш во собирањето подароци од Дедо Мраз за нив, а што е најважно – секогаш мора да ја бараш и да ја искористиш можноста да им помогнеш на другите. Дали го разбираш тоа?

Повеќе