Девојче плаче додека вежба, а мајката ја снима! И не е единствено (ВИДЕО)

Дали се согласувате дека е ова еден вид на злоупотреба на деца или сметате дека се потребни жртви ако детето сака да постигне нешто значајно во која било спортска дисциплина

609

Мајката Екатарена Петрова не се задоволува со ништо помалку од извонредност.

Нејзината ќерка со години се занимава со гимнастика и е доста успешна во тој спорт, а доказ за тоа

се бројните освоени медали.

Сепак, многумина се згрозени од видеото кое неодамна го објави мајката на девојчето, а на кое

девојчето цело време плаче. И не е единственото девојче на оваа снимка што плаче вежбајќи.

Плаче и девојчето зад неа.

Додека тренираат, низ образите на првото девојче чија мајка го снима, течат солзи, а на лицето ѝ се

гледа болката што ја чувствува додека се истегнува.

„Моето мало, силно девојче“, напишала мајката во описот на видеото кое предизвика

негодување кај многумина кои го сметаат ова за еден вид на злоупотреба на деца.

Што мислите вие за ова?

Повеќе