Добро е мажите да ги изневеруваат жените?! Руски психијатар и сексолог објаснува зошто е неверството добро

„Звучи чудно, но изневерувањето има свои предности. Ако откриете дека партнерот ве изневерува, не брзајте да раскинете, туку добро размислете“, советува рускиот сексолог, психијатар и терапевт Евгениј Кулгавчук.

350

Додека многумина сметаат дека изневерувањето е ужасен чин од страна на партнерот и за нив таквиот чин претставува дефинитивен крај на интимната врска, некои експерти наведуваат дека тоа не мора нужно да биде така.

Излегува дека ако мажот ја изневерува својата партнерка, тоа воопшто и не е толку лошо. Или барем така тврди познатиот руски сексолог, психијатар и терапевт Евгениј Кулгавчук.

Многу предности
Според него, во машкото неверство има многу предности, кои можат дури да ја зацврстат врската со партнерката.

Кулгавчук смета дека неверството може да го спаси бракот доколку сексуалниот темперамент меѓу партнерите не се совпаѓа. Рускиот сексолог тврди и дека во овој случај, некои „сопруги, жени и девојки“ понекогаш се задоволни со појавата на „интимен асистент“.

„Нова верзија од него“
Експертот исто така додава дека за време на неверството мажот станува повнимателен, почнува да се грижи за себе и е помалку раздразлив. Токму оваа „нова верзија на мажот“ ја обожаваат нивните партнерки.

Друга придобивка за жените во случај на неверство на нивниот сопруг е чувството на вина од страна на мажот. Честопати, како морална компензација, мажот е подготвен да ѝ даде на својата жена дарежлив подарок и да направи многу компромиси за неа.

„Звучи чудно, но изневерувањето има свои предности. Ако откриете дека партнерот ве изневерува, не брзајте да раскинете, туку добро размислете“, заклучи Кулгавчук.

Повеќе