Малите генијалци сметаат со брзина на светлината: Победниците на државната, одат на меѓународна олимпијада по ментална аритметика

Викендов (11.јуни) во Скопје се одржа државната олимпијада по ментална аритметика, а малите генијалци на возраст од 5 до 12 години се натпреваруваа во повеќе категории. Победниците заминуваат на меѓународната олимпијада во Белград.

253

Гледачите не можеа да ги догледаат броевите што се вртеа на екраните, а тие ги пресметуваа за неколку секунди. Работат по јапонски систем на пресметување, со рацете, кој се учи во училиштето „Малац Генијалац“, а сето тоа изгледа навистина фасцинантно, вели Стефани Христов, фотографката задолжена за фотографирање на националната Олимпијада по ментална аритметика која се одржа викендов (11.јуни) во Скопје.

Во меѓувреме добивме известување и од организаторите од „Малац Генијалац“: „11 јуни беше круна на нашето неколкумесечно вредно работење. На националната Олимијада по ментална аритметика, нашите генијалци беа на возраст од 5 до 12 години, а вкупната бројка беше над 600 натпреварувачи од цела Македонија. Дечињата се натпреваруваа во две категории: писмен дел и ментален дел, распределени во 8 категории. Од секоја категорија имаше победници, кои традиционално си обезбедија место за учество на меѓународната Олимпијада во Белград која ќе се одржи во недела 18 јуни. Таму ќе се натпреваруваат со 2.000 дечиња од 16 земји. Олимпијадата помина во натпреварувачки дух, со голема меѓусебна поддршка и чувство за емпатија“.

Инаку, олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан кој, велат, традиционално привлекува голем интерес кај учесниците и јавноста, благодарение на атрактивноста на натпреварот за ментални вештини. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво напамет – без никакви помагала (хартија, молив или дигитрон). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во броење долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда!

Процесот на учење брзо пресметување се заснова на древен јапонски калкулатор – АБАКУС. На овој начин се постигнува успешен тренинг на мозокот, создаден со идеја за вежбање различни ментални капацитети, како што се: меморија, концентрација, визуализација, аналитичко и логичко размислување.

„Малац Генијалац“ е единственото училиште во Европа, кое спроведува оригинална јапонска програма по ментална аритметика – ХИКАРИ. Тоа е интернационален едукативен систем, наменет за здрав развој на детскиот мозок и на интелектуалните вештини и способности на децата, започнувајќи од најрана возраст. Следејќи ја оваа визија „Малац Генијалац“, успешно го спојува „најдоброто од два различни света” т.е. успешно ги применува драгоцените искуства на Истокот и Западот.

Во ова училиште, учениците го користат оригиналниот јапонски Соробан – абакус направен според јапонските стандарди, исклучиво од природни материјали (бука и бамбус).

„Малац Генијалац“ постои во 12 земји и има преку 182 училишта.

Настанот кој промовира успешно образование и здрав натпреварувачки дух е поддржан од СОКО Горица Дооел – Компанија со традиција од 1994 година, специјализирана за производство на овошни сокчиња, спакувани во дојпак-амбалажа како и ОУ „Лазо Ангеловски“.

Повеќе