Докажано делуваат: Искусна бабица сподели осум совети за побрзо и полесно породување

Во последните недели пред породувањето, пијте чај од листови од малина, масирајте го перинеумот, качувајте се по скали и уште некои совети за полесно породување од прва рака

2.602

За многу бремени жени, особено оние кои се пораѓаат за прв пат, помислата на породувањето е страшна и стресна. Но, Ен Ричли, акушерка и авторка на бројни наслови за породувањето, сподели неколку совети од прва рака кои сигурно ќе им помогнат на сите идни мајки да бидат максимално подготвени за породувањето што претстои.

Поттикнете го бебето на правилна положба
Акушерката советува дека од околу 34-та недела од бременоста веќе можете да почнете да го поттикнувате вашето бебе да ја заземе правилната положба за раѓање. Обидете се редовно да клекнете на подот над пилатес топка, или ако ја немате, користете стол.

Останете фокусирани за време на породувањето
Една од најдобрите техники за полесно породување е да се фокусирате на тоа дека храбро се справувате со ситуацијата, објаснува акушерката која нагласува дека фокусот е клучот за породувањето да помине што е можно побезболно.

Останете во форма за време на бременоста
Идните мајки кои се генерално фит и здрави имаат тенденција да имаат полесно раѓање. Акушерката затоа советува трудниците редовно да се движат, барем да одат на дневна прошетка од околу 20 минути, за што полесно да се породат.

Масирајте го перинеумот
Со цел да се спречи пукањето на перинеумот и со тоа да се олесни породувањето, но и закрепнувањето по породувањето, акушерката советува секојдневно да ја масирате перинеалната област (пределот помеѓу вагината и анусот) во последните недели од бременоста. За ова можете да користите масло од пченични никулци, бадемово или кокосово масло.

Пијте чај од листови од малина
Пиењето чај од листови од малина наводно може да помогне да се подготви вашата матка за породување. Акушерката советува да го пиете неколку пати на ден и тоа исклучиво по 36-тата недела од бременоста. Имено, студиите покажале дека жените кои го пијат овој чај во последните неколку недели од бременоста имаат пократки породувања и имаат потреба од помалку лекови против болки.

Дишете правилно
Д-р Ричли вели дека правилното дишење може да им помогне на трудниците да се релаксираат за време на породувањето, спречувајќи ја мускулната напнатост и овозможувајќи му на грлото на матката полесно да се прошири.

Слушајте го вашето тело
Многу трудници мислат дека за време на породувањето мора да се воздржуваат од викање, стенкање или страв, но сепак акушерката објаснува дека е дозволена секаква реакција. Имено, таа додава дека најважно е да го слушате своето тело и доколку чувствувате потреба да викате, да не се воздржувате.

Качувајте се по скали
Ако вашето породување штотуку започнало или чекате дома да зачестат родилните болки, акушерката советува дека качувањето по скалите е одличен начин да предизвикате посилни трудови или пукање на водењакот. Покрај тоа, ќе му дозволите на бебето подобро да се намести за раѓање.

Повеќе