Дури кај 80 проценти од жените по 50-тата, се појавуваат миоми

Миомите не носат зголемен ризик за рак на матката и речиси никогаш не се развиваат во малигна формација. Најчеста појава на фиброиди е на возраст од 30 до 40 години, а причината не е позната.

319

Има многу жени кои ќе развијат тумор во одреден момент од нивниот живот, а симптомите на миом на матката е добро да се имаат на ум.

Дури и до 80 проценти од жените ќе бидат дијагностицирани со миом на матката во одреден момент кога ќе наполнат 50 години. И додека многумина не се свесни дека го имаат, 50 проценти од нив ќе доживеат симптоми. Станува збор за тврди формации кои се создаваат во матката, вели докторката Елизабет Стјуарт од клиниката Мајо.

Кога станува збор за миом, експертите тврдат дека во повеќето случаи нема простор за страв. Тоа е бенигна творба. Миоимите ги карактеризира неправилен раст на мускулните клетки на матката, кои формираат фиброзни јазли во ткивото на матката, па затоа често ги нарекуваме фиброми или фиброиди. Тие немаат зголемен ризик за рак на матката и речиси никогаш не се развиваат во малигна формација. Најчеста појава на фиброиди е на возраст од 30 до 40 години, а причината не е позната.

Сепак, познато е дека формирањето на миоми не се случува додека телото на жената не почне да го произведува хормонот естроген. Исто така, евидентно е нивното нагло зголемување за време на бременоста, кога телото произведува поголеми количини на овој хормон. По менопаузата, пак, миоимите престануваат да растат, а кај некои жени доаѓа и до нивно намалување (најверојатно поради пад на естрогенот). Големината на миомите варира. Некои се со големина на зрно пченка, додека други можат да пораснат и до 20 сантиметри.

Фактори на ризик

Покрај возраста, ризикот од миоми го зголемува и наследноста (ако вашата мајка или сестра имаат миоми), раниот почеток на првата менструација, употребата на орални хормонски контрацептиви, дебелината, недостатокот на витамин Д, исхраната богата со црвено месо, а сиромашна со зелен зеленчук и овошје, консумирање алкохол.

Ова се 6 симптоми кои можат да откријат миоми на матката

Менструацијата е премногу обилна и трае долго

Ова е еден од важните симптоми за миоми, според д-р Стјуард. Токму миомот предизвикува зголемен проток на крв во матката, па дури и на големината на самата матка, додава таа. Проблемот е што многу жени го игнорираат овој симптом, па дури и ако разговараат со своите пријателки за нивниот циклус, можеби мислат дека промените се нормални бидејќи овие жени не ни знаат дека имаат миоми. За жал, така доцна се почнува со лекување.

Постојано сте уморни, имате вртоглавица…

Сите овие се симптоми на анемија, состојба кога немате доволно црвени крвни зрнца за да го пренесат кислородот од белите дробови до остатокот од вашето тело. Ако менструацијата е тешка и долга, можеби губите повеќе крв отколку што вашето тело треба да потроши складирано железо и да создаде повеќе крв, што ќе доведе до недостаток.

„Кога ќе видам пациент со сериозен проблем со анемија, веднаш претпоставувам дека се работи за миом“, вели д-р Стјуарт.

Имате запек или мора постојано да мокрите

Според докторката, во зависност од големината и местото каде што се развива миомот може да изврши притисок врз мочниот меур или цревата и да предизвика проблеми. „Проблемот со овие симптоми е што тие се вообичаени кај општата популација, па многу пациенти не помислуваат на фибром, туку ќе кажат дека испиле многу вода…“, посочува д-р Стјуарт.

Сексот ви е болен

Зад болниот секс може да стојат многу работи, но една од нив може да биде миом на матката, а докторката објаснува дека исто како и во претходниот случај, може да ја притиска вагината, што ќе предизвика болка при сексуален однос.

Чувствувате болка во долниот абдомен

Повторно во зависност од големината и местото на раст, може да се јави чувство на болка, од повремен притисок до грчеви или чувство на непријатност. Иако некој може да помисли дека болката е поголема колку што е поголем миомот, тоа не мора секогаш да биде случај, вели докторката. И кога миомот е со големина на пара, може да предизвика болка.

Имате проблеми со зачнувањето

Иако тие не мора да ја попречуваат бременоста и плодноста, ќе предизвикаат компликации кај некои жени. Миомите кои растат во внатрешноста на слузницата на матката може да предизвикаат неплодност или спонтан абортус. Во доцната бременост, тие можат да предизвикаат дополнителни проблеми.

Повеќе