Како да го преживеете првиот ден во средно?

Многу е важно да се остави добар впечаток кај професорите уште на почетокот на училиштето, но и да се најдат нови пријатели. Затоа е важно да го остварите што побрзо првиот контакт со други ученици кои ви одговараат за дружење.

575

Првиот средношколски ден е многу стресен за сите. Некои чувствуваат нервоза, возбуда, можеби дури и нелагодност и страв. Но, опуштете се, сите го „преживеавме“ средното училиште и сите добро се сеќаваме на чувството со кое на 1-ви септември ја напуштивме познатата средина и најдобрите другари од основно и се впуштивме во нови предизвици.

За сите ученици првиот училишен ден е многу стресен и секој се труди да остави најдобар впечаток. Овој период претставува нов период во животот, а учениците се соочуваат со нови професори, предмети и пријатели. Сега многу добро знаеме што би требало да си кажеме тој ден од оваа перспектива – се надеваме дека овие совети ќе ви го олеснат стартот.

Оставете добар впечаток кај професорите

Многу е важно да се остави добар впечаток кај професорите уште на почетокот на училиштето. Учениците треба редовно да доаѓаат на часови и да не доцнат, да ги извршуваат домашните задачи и активно да учествуваат на часот за професорите да ги запаметат што подобро. Некои наставници бараат специјална опрема за нивните часови, па затоа би било добра идеја да дознаете за ова и да бидете сигурни дека имате сè што ви треба за часот од самиот почеток.

Најдете нови пријатели

Деновите минуваат полесно и поубаво во друштво на пријатели. Затоа е важно учениците да го остварат првиот контакт со други ученици кои им одговараат за дружење.

Во ред е да се чувствувате исплашени првите неколку дена

Пријателите и родителите можат најмногу да помогнат во тоа преку разговор. Ако имате постари пријатели кои поминале низ сето ова, разговарајте со нив и можеби ќе ви дадат некој корисен совет. Исто така, разговарајте со вашите родители и прашајте ги што сакате да знаете за училиштето. Не двоумете се да прашате на час сè што не разбирате.

Прифатете ги промените

Доколку промените се прифатат навреме, учениците полесно ќе се справат со новонастанатата ситуација. Промените не треба да се избегнуваат и да се гледаат како нешто лошо, туку треба да се прифатат и да се усвојат што е можно подобро за полесно да се надмине новонастанатата ситуација и првите денови на училиште.

Воннаставни активности

Во рамките на училиштето, учениците можат да посетуваат бројни секции. Некои од нив се: спорт, рецитирање, секции за странски јазици, драмски, хор и многу други. Преку работа во секции, ученикот може да ги открие своите скриени таленти и способности кои можат да му помогнат во натамошното насочување и усовршување.

Повеќе