Една мајка ги открива раните симптоми кои довеле до дијагноза на аутизам кај нејзиниот син (ВИДЕО)
Mајката на три деца, која објавува на TikTok под името @mummyandherthree.autism, сподели видео во кое ги открива најраните симптоми кај нејзиниот син кои подоцна довеле до дијагноза на аутизам.
Аутизмот е невро-развојно нарушување кое се појавува во раното детство и трае цел живот. Иако првите симптоми може да се појават многу рано во животот на детето, дијагнозата доаѓа обично подоцна, кога ќе се зголемат барањата на социјалната средина во која живее детето. Сепак, психолозите посочуваат дека е многу важно да се реагира на најраните симптоми за навреме да се започне со терапија и да се олесни секојдневното функционирање на детето во спектар на аутизам.
Во оваа прилика, мајката на три деца, која објавува на TikTok под името @mummyandherthree.autism, сподели видео во кое ги открива најраните симптоми кај нејзиниот син кои подоцна довеле до дијагноза на аутизам.
Како што објаснила во видеото, нејзиниот син често мавтал со рацете кога бил возбуден или среќен, нешто што е многу вообичаен знак за аутизам, немал чувство за опасни ситуации и не ги барал со поглед родителите, не си играл со своите играчки како повеќето деца на негова возраст, туку, како што вели, само ги пренесувал во раце.
„Исто така, тој не беше заинтересиран за никаква социјална интеракција со другите, иако се чувствуваше удобно во близина на други деца или возрасни. За разлика од другите деца, тој сакаше да поминува време сам уште од најрана возраст. Не реагираше на неговото име и не нè перципираше дури и кога бевме точно пред него. Не гугаше и не зборуваше, што траеше до петтата година и се уште трае“, додава таа, предупредувајќи ги сите родители дека овие симптоми не мора да значат дека нивното дете има аутизам, туку се потребни многу симптоми за да се потврди конечната дијагноза. .
„Овој список не е сè што забележавме и една од овие работи сама по себе не го прави детето аутистично. Секое дете е уникатно и може да се манифестира различно, но кога комбинирате одредени особини и однесувања, вклучувајќи ги и оние во ова видео, тоа укажува на некаков вид на нарушување. Нему му беше дијагностициран аутизам кога имаше три години и четири месеци, иако мислам дека тоа можеше да се направи многу порано бидејќи знаците беа очигледни“.
За кратко време видеото собра дури 14,6 милиони прегледи, но и многу коментари од загрижени родители, од кои многумина и самите имаат дете од спектарот на аутизам.
„Моето дете има аутизам и апсолутно се што е прикажано на ова видео и самиот правеше“, „Ви благодарам за оваа објава, и јас имам момче со аутизам, жал ми е што не ги забележав овие симптоми порано“, се само некои од коментарите.