Еве како да ги забележите првите знаци на најзаразната болест на светот

Според достапните податоци, бројот на заболени од сипаници во Европа е зголемен за неверојатни 3.000 отсто.

375

Се врати болеста од 19.век. Според достапните податоци, бројот на заболени од сипаници во Европа е зголемен за неверојатни 3.000 отсто. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека повеќе од 30.000 инфекции биле пријавени меѓу јануари и октомври 2023 година, што е значително повеќе од 941 во цела 2022 година.

За зголемувањето на случаите е виновно намалувањето на бројот на вакцинирани деца во сите земји членки на Европската унија, што според лекарите е загрижувачко.

„Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест. Децата треба да се вакцинираат за да се запре пренесувањето и да се спречи понатамошното ширење на мали сипаници“, рече д-р Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Малите сипаници се најпрепознатливи по точките кои се појавуваат во вид на осип по кожата, но првите симптоми наликуваат на настинка или грип и може да вклучуваат висока температура, течење на носот, кивање, кашлица и црвени, болни, насолзени очи. Неколку дена подоцна, може да се појават бели дамки на внатрешната страна на образите и на задниот дел од усните, проследени со карактеристичен осип. Најчесто се појавува на лицето и зад ушите, а потоа се шири на остатокот од телото.

Повеќето луѓе закрепнуваат во рок од една недела до десет дена, но малите сипаници може да предизвикаат сериозни проблеми, вклучувајќи пневмонија, напади, менингитис и слепило, доколку се прошират на белите дробови или мозокот.

Болеста се лекува со одмор и пиење многу течности, додека парацетамол или ибупрофен можат да ја ублажат високата температура. Вакцината против сипаници, заушки и рубеола (ММР) е дел од рутинските детски вакцини и се дава во две дози: на возраст од 12 до 15 месеци и обично на возраст од четири до шест години.

Повеќе