Еве колку чини породувањето во Америка

Многу Американци не можат да си дозволат да раѓаат, а камоли да одгледуваат дете.

153

Да бидете родител е бесценето, но во Соединетите Американски Држави е и буквално така па породувањето чини прилично многу. Една нова студија покажала дека само породувањето ќе ги чини идните родители околу 20.000 долари, што е неверојатна сума ако се земе предвид просечниот приход на американското домаќинство е 67.521 долари.

Студијата на Kaiser Family Foundation користела податоци од базата на податоци за комерцијални барања и средби на IBM Health Analytics MarketScan, која ги чува здравствените досиеја на повеќе од два милиони жени во период од две години.

Според собраните податоци, од 2018 до 2020 година, жените на возраст од 15 до 49 години кои родиле во просек имале 18.865 долари повеќе трошоци за здравствена заштита од оние кои не родиле. Додека осигурувањето покривало во просек 16.011 долари, новите мајки морале да платат 2.854 долари од својот џеб за управување со бременоста, породување и нега по породувањето, во зависност од начинот на породување.

Утврдено е дека вагиналното породување е значително поевтино од царскиот рез. Неговата цена е 14.768 долари, додека за царски рез е потребно да се издвојат 26.280 долари. Дополнително, жените кои раѓаат со царски рез мора самите да платат дополнителни 500 долари за трошоци за опоравување.

Инаку, за прв пат по седум години е забележан скок на бројот на раѓања во САД. Многу Американци не можат да си дозволат да раѓаат, а камоли да одгледуваат дете.

Според американското Министерство за земјоделство, одгледувањето дете во домаќинство на брачна двојка со среден приход до 17-годишна возраст, чини 233.610 долари, а тоа не ги покрива трошоците за факултетско образование. Домување, храна и образование се на врвот на листата на најголеми трошоци поврзани со децата, се наведува во извештајот.

Но, поради инфлацијата, таа бројка од 2015 година сега, во 2022 година, е 286.000 долари.

Повеќе