Ферари за бебиња: Не се чувствувајте лошо поради бебешката количка!
Родителството доаѓа со здрава доза на работи за кои треба да се грижиме кога станува збор за нашите деца. Но, една работа за која повеќето од нас не очекуваат дека ќе треба да се грижат кога ќе станат родители е тоа дали другите родители ќе ги осудуваат поради нивната опрема за бебето. Но, ова се случува и една мајка зборува за тоа на Тик-Ток.
Кога децата се мали најмногу се грижиме дали добиваат доволно млеко и дали дишат додека спијат. Се грижиме за пресвртниците и за тоа како цицањето палец може да влијае на здравјето на забите.
Но, има една работа за која повеќето од нас не очекуваат дека ќе се грижат кога ќе станат родители, а тоа е осудата на другите родители поради опремата за нивното бебе. А ова се случува и една мајка зборува токму за тоа на Тик-Ток.
Додека порано мајките се служеа со креветчињата, количките и друга опрема за бебиња наследени од другарки, роднини или пријатели чии деца веќе ги надраснале, денес како да се тркаат која ќе има полуксузна и побрендирана опрема. Се разбира, има и сега такви кои знаат дека меѓусебното позајмување е подобро во секој поглед, а особено од економски и од еколошки аспект.
Впрочем, на кое бебе му е важно дали го возат во луксузна количка од 1.000 евра или во наследена или во купена на старо?
За жал, побројни се оние другите родители кои мислат дека нивниот статус и угледот, се правопропорционални со тоа во што се возат тие (каков автомобил имаат), но и со тоа каква количка туркаат пред себе додека го шетаат своето бебе.
И најстрашно од се, токму таквите родители ги осудуваат овие другите поради изгледот на количките во кои тие ги возат своите бебиња.
„За време на семејниот излет во зоолошката градина, чувствував како другите ме осудуваат затоа што туркав количка која не беше меѓу поскапите. Секоја количка беше луксузна, освен мојата обична”, изјавила оваа жена по име Брук.
Нејзиното искуство очигледно не е единственото, бидејќи многумина во коментарите изразиле дека доживеале слично чувство на срам.
Танај Хауард пишува за списанието Parents дека не осудува никого за изборот на опрема за нивното дете.
„Знам колку пари имам и се грижам за својот џеб. Никогаш не би се задолжила за да се вклопам со мајките во паркот или само за да бидам дел од бандата која има луксузна опрема за бебиња”, објаснува таа наведувајќи дека живее во Њујорк, каде киријата е превисока.
Не можев да замислам да платам сума која е месечна кирија за еднособен стан за да купам количка. Моите деца и онака не ја користеа многу. Но, на многу семејства им треба количка, а тоа колку е скапа или ексклузивна треба да биде последното нешто што треба ви е на ум.
На долгата листа на работи за кои другите луѓе ќе ни судат во текот на родителството, цената на туѓите бебешки работи не треба да има никакво влијание врз вас. Кога сакате да купите каква било опрема за бебиња, ги советувам родителите да бараат безбедност, едноставна употреба и издржливост“, вели Хауард.