Французите ги предупредија родителите на малите деца: Не користете алки против комарци

Иако овие алки се многу модерни и многу популарни меѓу родителите кои мислат дека не се штетни за децата, во реалноста е токму спротивното, посочуваат од француската ANSES (Француска агенција за храна, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа) и UFC- Que Choisir (Здружение за заштита на потрошувачите во Франција).

67


На фејсбук страницата Ало инспекторе, објавена е покана да не се користат алки против комарци.

По дождовите повторно ќе има комарци, па многумина ќе се обидат да се заштитат себеси и своите деца од нив на секој начин, дури и со носење алки против досадните инсекти.

„Овие повеќебојни алки кои ги одбиваат инсектите доаѓаат во форма на алка со или без затворач. Најчесто се направени од пластика на која е прицврстена плочка или капсула што испушта миризлива смеса базирана на есенцијални масла извлечени од растенијата.

Во смесата може да се додадат и испарливи хемикалии, кои дополнително ги поттикнуваат мирисите“, се објаснува во објавата.

„Меѓутоа, иако овие алки се многу модерни и многу популарни меѓу родителите кои мислат дека не се штетни за децата, во реалноста е токму спротивното“, посочуваат од француската ANSES (Француска агенција за храна, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа) и UFC- Que Choisir (Здружение за заштита на потрошувачите во Франција).

Со други зборови, алките против комарци треба да се користат со голема претпазливост бидејќи содржат хемиски супстанци.

Всушност, француските центри за контрола на отрови забележале неколку случаи на изгореници по случаен контакт на кожата или слузокожата со супстанциите содржани во овие алки.

„Во зависност од поединечните случаи и возраста на децата, сè повеќе инциденти вклучуваат различни реакции.

Како изгореници на образите по продолжен контакт со етеричните масла за време на дремката или грчеви кај доенчиња. Некои деца може да добијат осип по случаен орален контакт“, се наведува.

„Кај возрасните, инцидентите се повеќе во форма на иритација поврзана со носење пластична алка. Бидејќи маслата, како што е гераниолот (ароматична супстанција), се потенцијално иритирачки за кожата и очите, овие реакции се појавуваат уште поинтензивно ако контактот со капсулата или меурчињата се продолжени и ако се зафатени особено чувствителните области, како што е лицето на мало дете“, објаснува ANSES.

На ова се додава и ризикот од локална иритација кај децата и возрасните поради механичката појава предизвикана од пластичната алка.

„Повеќето производители, особено кинеските, не наведуваат во своите декларации препорака дека не е препорачливо да се носат овие алки пред 3-годишна возраст бидејќи може да доведат до контраиндикации кај децата“, додава ANSES и препорачува забрана за употреба на тие алки за доенчиња и мали деца.

Кај нас во моментов нема такви препораки.

Повеќе