Стив Андерсон-Меклин и Роб Андерсон-Меклин се хомосексуална двојка од Пенсилванија која посвоила шест браќа и сестри затоа што не сакале да ги разделат. Децата, Карлос (14), Гвадалупе (13), Марија (12), Селена (10), Наса (9) и Макс (7) кои поминале 1640 дена во згрижувачки семејства биле посвоени на 23 мај 2019 година.
„Судијата ги прашал: „Дали разбирате дека се тоа ваши деца? Исто како да се ваши биолошки деца?“ Го знаевме тоа, но моментот беше емотивен. Никогаш не ни замислувавме дека ќе имаме шест деца“, се потсетува Стив во интервју за Good Morning America, на моментот на посвојувањето.
Стив и Роб се заедно повеќе од 18 години. Се венчале во 2013.година. Од претходните бракови имале две возрасни деца. Кога ги одгледале, се решиле да посвојат.
„Ни ги скрши срцата кога ја слушнавме приказната за овие браќа и сестри, знаевме дека не можеме да дозволиме да се разделат“, додава Стив.
Децата поминале речиси половина деценија во згрижувачки семејства. Тие претходно биле одземени од нивните родители поради запоставување и злоупотреба.
„Веднаш се вљубивме во нив“, истакнал тој.
Децата ги запознале во јуни 2018. Ги однеле во зоолошка градина. Сè било ново и забавно за нив. По една недела ги прашале Стив и Роб дали можат да останат со нив засекогаш.
„Моравме да го убедиме Макс дека тој ќе биде наш син засекогаш. Живееме заедно веќе три години, но се чини како да поминале многу повеќе. Нема правила за тоа што може да направи семејството и љубовта што ја споделуваме“, заклучил Стив.
Следно
Повеќе