Губењето на родител во детството може да доведе до проблеми во зрелоста

Поединците кои изгубиле близок член на семејството имаат поголем ризик од атријална фибрилација, срцеви заболувања, миокарден инфаркт, мозочен удар и срцева слабост, отколку оние кои не изгубиле близок член на семејството“. Исто така, „родителите кои губат дете се изложени на ризик за истите негативни здравствени исходи“.

166

Одамна знаеме дека тагата може да предизвика физички здравствени проблеми, но што е со конкретни ситуации, како губењето на родител во детството? Психијатарот Сохом Дас се осврнал на ова прашање во видео објавено на неговиот канал на Јутјуб. Тој вели дека таквата тага може да доведе до низа негативни емоции, вклучувајќи анксиозност и депресија.

Видеото наречено The Effect of Losing A Parent Before Parenthood (Ефектот на губењето на родител пред родителството) и вклучува статистика за тоа колку деца остануваат без родители.

„Околу пет проценти од младите ги губат своите родители пред да станат полнолетни. Тоа е всушност изненадувачки висока бројка“, вели д-р Дас, објаснувајќи ги негативните исходи поврзани со загубата на родител.

„Тоа е ситуација која може да предизвика анксиозност, депресија, продолжена реакција на тагување и негативни ефекти врз самодовербата. Негативните исходи можат да продолжат и во зрелоста. Губењето родител во детството го зголемува ризикот од идни самоубиства и злоупотреба на супстанции. Може да влијае и на тоа како ќе пристапиме кон односите со другите во однос на поврзаноста и емоциите“, објаснил тој.

Неговото видео е поврзано со студија објавена во март 2023 година, во која истражувачите од Институтот Каролинска во Шведска ја проучувале тагата.

Според д-р Данг Веи, „Поединците кои изгубиле близок член на семејството имаат поголем ризик од атријална фибрилација, срцеви заболувања, миокарден инфаркт, мозочен удар и срцева слабост, отколку оние кои не изгубиле близок член на семејството“. Исто така, „родителите кои губат дете се изложени на ризик за истите негативни здравствени исходи“.

Други состојби кои тој ги наведе вклучуваат зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, проблеми со меморијата, дигестивни проблеми и автоимуни болести, како што е ревматоидниот артритис.

Повеќе