Истражување одговорило на прашањето дали е потешко да се одгледа син или ќерка
Најновото истражување дошло до сознание дека мозокот на родителите кои имаат синови старее многу побрзо од мозокот на родителите кои имаат само ќерки, па овие резултати потврдуваат дека сепак е полесно да се одгледа ќерка.
Истражувањето вели дека повеќе женски деца се грижат за своите родители во старост
„Девојчињата секогаш ќе останат покрај вас. Тие се емотивни и ви ја враќаат сета љубов што им ја давате. Момчињата ќе пораснат и седнуваат во автомобили и на мотори, а потоа почнуваат непроспиените ноќи”, вели една мајка, одговарајќи на прашањето во една анкета на темата, дали е полесно да се одгледува син или ќерка.
Токму ова е едно од најчестите прашања што се наметнува кога започнува дискусијата за родителството, а најновото истражување кое го спровеле заеднички тимови од Универзитетот Чарлс во Прага и Универзитетот Колумбија во Њујорк, конечно дошло до одговорот.
Научниците проучувале повеќе од 13.000 родители на возраст од 50 и повеќе години и дошле до неочекувани резултати – родителите кои одгледале барем еден син доживеале побрзо опаѓање на когнитивните способности во споредба со родителите кои имале само женски деца.
Едноставно кажано, мозокот на родителите кои имаат синови старее многу побрзо од мозокот на родителите кои имаат само ќерки, па овие резултати потврдуваат дека сепак е полесно да се одгледува ќерка.
Една од главните причини, истакнале научниците, е фактот дека ќерките почесто се грижат за родителите кога ќе дојдат на постара возраст и им нудат емоционална поддршка, помагајќи имна тој начин да бидат посреќни и поздрави. Студијата исто така покажала дека родителите на женските деца подоцна во животот помалку пијат алкохол, се дрогираат и пушат, а повеќето родители на синови имаат проблеми со прекумерна тежина и деменција.
Стапката на таканаречениот ментален пад е речиси иста кај мајките и татковците, но повеќе мајки на синови ќе имаат проблеми со прекумерна тежина и деменција подоцна во животот. Резултатите не се менуваат, без разлика дали се работи за биолошки или посвоени деца, вели научничката Катрин Волфова.
Ова истражување на тој начин даде одговор на едно од најчестите прашања поврзано со воспитувањето на децата и го поби истражувањето на британското детско здружение, во кое речиси 60 отсто од испитаниците изјавиле дека е потешко да се одгледува ќерка.