Јапонски дом за стари лица вработува бебиња и деца до три години

Единствен услов за идните вработени е секогаш да бидат присутни законските старатели. Меѓутоа, нема работно време. Бебињата можат да доаѓаат и да си одат како што сакаат. А платата ќе ја добиваат во пелени, храна за бебиња, бесплатно фотографирање и ваучери за кафулиња.

135

Повеќето огласи за работа имаат слични барања од потенцијалните кандидати. Потребни се соодветни квалификации и професионално искуство. Но, огласот за работа за јапонскиот дом за стари лица Мојаи Сеијукаи е сосема поинаков од сѐ што сте слушнале досега.

Бебињата, велат во домот за стари лица, се добро друштво. Затоа се бараат деца на возраст од раѓање до три години, кои ќе предизвикаат насмевка на лицата на неговите жители и ќе ги развеселат.

Единствен услов за идните вработени е секогаш да бидат присутни законските старатели. Меѓутоа, нема работно време. Бебињата можат да доаѓаат и да си одат како што сакаат. А платата ќе ја добиваат во пелени, храна за бебиња, бесплатно фотографирање и ваучери за кафулиња.

32 бебиња им помагаат на жителите на домот за стари лица

Менаџерката на домот за стари лица, Кими Гондо, дошла на оваа идеја во 2020 година, кога го однела сопственото дете на работа и забележала колку жителите биле воодушевени. Така, до денес се вклучени 32 бебиња кои „работат“ во домот и помагаат во згрижувањето на 120 лица во установата.

„Дури и оние кои постојано беа нерасположени или постојано имале намуртено лице, сега се насмеани и изгледаат многу среќни кога ќе дојдат бебињата“, изјавила Гондо за VICE.

Повеќе