Како да знаете дека на детето му треба повеќе време со вас? Овие знаци покажуваат дека на децата им недостасува внимание од родителите

Денес, кога повеќето родителите се исклучително зафатени, децата може да се чувствуваат запоставени и очајни за нивното внимание. Еве неколку знаци кои можат да ви покажат дека вашето дете е едно од нив

2.273

Секое дете чувствува потреба да биде поблиску до она што го прави безбедно, а тоа се неговите родители. Љубовта, наклонетоста и вниманието се сè што им треба на децата. Меѓутоа, во денешниот свет, каде родителите се исклучително зафатени, децата може да се чувствуваат изоставени и очајни за вниманието на нивните родители. Еве неколку знаци кои можат да ви го стават ова на знаење.

Приврзаност
Децата можат да покажат знаци на приврзаност доколку добиваат премногу внимание, а понекогаш и поради недоволното внимание. Приврзаноста често произлегува од потребата да се чувствуваат безбедно и заштитено. Затоа, ако забележите дека вашето дете постојано ве држи или ве следи наоколу, обидете се да му посветите повеќе внимание.

Необјасниви изливи на гнев
Необјаснетите изливи на гнев можат да бидат загрижувачки, но тие не се случуваат без причина. Една од можните причини е недостатокот на внимание. Детето кое е гладно за внимание ќе направи се што е во негова моќ за да го добие, дури и ако тоа значи правење сцена во јавност. Тоа вклучуваат викање, врескање или плачење.

Агресивност
Децата кои бараат внимание често се однесуваат агресивно. Ова може да вклучува фрлање работи, удирање, самоповредување или повредување на другите. Тоа е еден од најлесните начини децата да го привлечат вниманието на нивните родители.

Барање помош дури и кога не му е потребна
Детето кое бара внимание постојано ќе бара помош. Дури и ако детето е способно да направи нешто самостојно, ќе се обрати кај родителот ако копнее за неговото внимание.

Бавност
Децата се мали, но ако го сакаат вашето внимание, можат да бидат бавни намерно или полека да ги завршуваат задачите што сте им ги дале. Се надеваат дека родителите ќе ги забележат и ќе им помогнат.

Повеќе