Како мултивитамините влијаат на животот? Лекарите го демистифицирале изборот на милиони луѓе

Тие се главниот нутритивен избор на милиони луѓе, но ако мислите дека со земањето мултивитамини ќе живеете нешто подолго, веројатно се лажете.

359

Американските лекари и научници следеле околу 300.000 луѓе на возраст над 20 години и откриле дека земањето на наводните еликсири на животот „не носат корист во поглед на морталитетот“.

Истражувањето не потврди дека „употребата на мултивитамини го зголемува животниот век“, посочуваат тие во написот објавен во списанието JAMA Network Open, објавено од Американското медицинско здружение.

И покрај тоа што мултивитамините малку придонесуваат за долговечноста, вклучително и кај болните луѓе и оние со лоша исхрана, „многу возрасни Американци велат дека ги користат за одржување или подобрување на здравјето“, додаваат истражувачите, проценувајќи дека ги зема околу една третина од американската популација.

Истражувањето се надоврзува на извештај од 2022 година кој не може да најде докази ниту дека употребата на мултивитамини била корисна, ниту дека била штетна.

Новото истражување го зело предвид т.н „ефект на здрав корисник“ кој влијае на ефикасноста на мултивитамините. Имено, луѓето кои земаат суплементи имаат тенденција да јадат подобро, имаат помала веројатност да пушат и има поголема веројатност дека вежбаат повеќе од оние кои не земаат.

Мултивитаминските суплементи се рекламираат како супстанци кои го зајакнуваат имунитетот, го зголемуваат нивото на енергија, ја зголемуваат виталноста и „општата благосостојба“, но ова истражување следи сè поголем број истражувања кои откриле мала или никаква корист од нив.

„Иако веројатноста дека се штетни е мала, исто така е мала и веројатноста дека имаат јасна здравствена корист, а сè уште немаме ниту јасни докази за таквата корист“, според Медицинскиот факултет на Харвард.

Повеќе