Koи детски години се најстресни за родителите?

Иако се чини дека времето веднаш по породувањето е најлошо за родителите, особено за мајките, поради недостатокот на сон и исцрпеност, вистинското незадоволство доаѓа многу подоцна

188

Заборавете на т.н „terrible twos“ или ужасната втора година од животот на детето, кога поминуваат низ нешто како прв пубертет. Американски професори од Универзитетот во државата Аризона и државата Оклахома открија дека родителите се под најголем стрес и се чувствуваат најнесреќни во детските твин години, односно, периодот помеѓу детството и тинејџерските години. Тоа се обично 11-тата и 12-тата година.

Мајките на децата на таа возраст најчесто страдаат од депресија, многу повеќе отколку кога нивните деца се тинејџери.

„Многу мајки не се свесни дека големото и најболното одвојување на децата од родителите не се случува кога детето ќе го напушти гнездото, туку кога тие психолошки се оддалечуваат од нив. Тоа е психолошка метаморфоза и за мајката и за детето. Не само што некои деца доживуваат големи хормонални промени во тоа време, тие веќе се однесуваат поотуѓено и одбивно кон нивните мајки“, вели водачот на истражувањето Сунија Лутар.

Кај жените, околу 42-та година, нивото на хормоните естроген и прогестерон почнува да опаѓа, што може да ги натера да се чувствуваат помалку грижливи и да се однесуваат погрубо кон децата и партнерот. Но, задоволството од децата обично расте кога децата излегуваат од тинејџерските години.

Повеќе