Колку влијаат е-цигарите на вашите шанси за бременост? Новите истражувања предупредуваат на овие ризици

Една нова студија вели дека ако се обидувате да забремените, треба да ги следите упатствата: Забрането пиење, забрането вејпање (користење производи со никотинска пареа), забрането пушење. Еве како електронските цигари влијаат на вашите шанси да имате бебе.

56



Вејпингот е сè уште релативно нов феномен, што значи дека експертите секојдневно учат сѐ повеќе за него.

Упатствата за вејпингот постојано се менуваат.

И додека многумина се свесни за опасностите поврзани со пушењето и шансите за забременување, сега има некои истражувања кои сугерираат дека вејпањето, пушењето електронски цигари, исто така, може да влијае на нивото на вашата плодност.

Како вејпањето влијае на плодноста?

Истражувањето го спровела компанијата за здравје на жените „Хертилити“ (Hertiliti), која ги разгледувала податоците од жени главно во 20-тите и 30-тите години, пишува Тајмс.

Беше земена крв од повеќе од 8.300 жени и беше анализирано нивото на анти-мулеровиот хормон (AMH).

Луѓето од двата пола го имаат овој хормон, но кај жените може да се измери за да се одреди нивниот број на јајце клетки.

Истражувачите откриле дека жените кои редовно пушеле е-цигари имале пониски нивоа на хормони и затоа имаат помали шанси да забременат.

Авторката на извештајот, д-р Хелен О’Нил рекла: „Ова е првиот доказ кој покажува врска помеѓу плодноста и електронските цигари кај голема популација.

„Покажува дека AMH е потиснат кај тие што вејпаат во споредба со оние што не го прават тоа, на сличен начин на она што е веќе прикажано кај пушачите.

АМХ е хормон кој се користи за проценка на резервите на јајниците, а со тоа и плодноста.’

Како што стареат жените, бројот на јајца што ги имаат (и квалитетот на јајцата) опаѓа.

Извештајот дава докази дека вејпањето и пушењето може да го забрзаат овој пад.

Д-р О’Нил вели дека вејпањето е широко прифатено меѓу младите луѓе, а многумина не се свесни за ефектите.

Ова ги попречува шансите на жените да забременат уште пред да почнат да се обидуваат“, вели таа.

Ако сакате да забремените, следете го советот: „не пијте, не вејпајте, не пушете“, вели д-р О’Нил.

Може ли да вејпам додека сум бремена?

NHS наведува дека „тековните докази за е-цигарите покажуваат дека тие се многу помалку ризични од пушењето, бидејќи не се произведува катран или јаглерод моноксид како цигарите.

Јаглерод моноксидот е особено штетен за развојот на бебињата.

Но, иако вејпањето може да биде помалку штетно од пушењето, целосните ефекти од него сè уште се во голема мера непознати.

NHS вели: „Електронските цигари се сосема нови и сè уште има некои работи што не ги знаеме“. Пареата од е-цигарите содржи некои од потенцијално штетните хемикалии кои се наоѓаат во чадот од цигарите, но во многу помали количини.

Повеќе