Конечно и кај нас, дневен престој за возрасни

Сите повозрасни лица кои имаат потреба од дневен престој, изнемоштени лица кои не можат да се грижат сами за себе во текот на денот, лица со деменција, како и здрави лица на кои им е потребно дружење, разонода и исполнет ден, сега можат да ја користат и оваа нова услуга на домот за стари „Феникс“. Обезбеден е и транспорт од дома до домот и назад, најавуваат од „Феникс“.

498

Колку пати додека се справувате со секојдневните обврски, а истовремено се грижите и за вашите стари и изнемоштени родители или пак едноставно немате да им посветите доволно време, а тие повеќе немаат толку пријатели како порано па се чувствуваат осамени, изолирани и депресивни, сте помислиле дека би било добро кога би имале каде да престојуваат и да бидат згрижени барем додека вие не ги завршите своите работни обврски? Сигурно сте помислиле дека одлично би ви дошло и вам и ним кога би имале некој организиран дневен престој каде што би имале и можност за социјализација и за организирани физички активности, и тоа како потребни и за оваа возрастна група, а би добиле и медицински услуги,

Досега ова кај нас, иако велат дека постоело како опција, не беше познато и веројатно не беше доволно ниту искористувано. Сега, домот за стари „Феникс“ ја промовира оваа услуга на голема врата.

„Сите повозрасни лица кои имаат потреба од дневен престој или пак потреба од социјализација, дружење, исполнет ден, психотерапија, физички активности, медицински потреби, како и транспорт од дома до домот и нивно враќање, сега можат да ја користат и оваа нова услуга на врвниот персонал на „Феникс“. Овој модел можат да го користат и изнемоштени лица, кои не можат самите да се грижат за себе во текот на денот, како и здрави лица на кои им е потребно денот да им биде квалитетно исполнет, а исто така и лицата кои имаат деменција и за кои семејството не е во можност да биде постојано присутно“, најавува Андреј Колев од „Феникс“.

Тој вели дека тие, како голем тим од професионалци можат да го понудат и овој тип на згрижување и тоа со врвен квалитет.

„Овој модел на згрижување е исто така и добар показател за луѓето кои имаат предрасуди кон домовите за стари лица, да дојдат, да видат како изгледа еден ден во „Феникс“, да почувствуваат дека ова не е казна, туку напротив, олеснување и да имаат претстава за понатаму, дека можат да си бидат згрижени и на подолго, месечно, годишно, па и доживотно“, вели тој.
Инаку, оваа услуга во „Феникс“ чини 1.200 денари од ден, а вклучува оброци, физикална терапија, психотерапија, медицинска поддршка, асистирано живеење, социјални активности, прошетки, итн, а транспортните услуги се плаќаат дополнително, односно од дома до домот и враќање назад, а корисниците може да доаѓаат кога сакаат и колку сакаат во текот на неделата, но со закажан термин.

„Во најголем процент семејствата се тие кои бараат помош од домот за сместување на своите родители или пак роднини, но во изминатите години расте и бројката на стари лица кои сами се приклучуваат и ги разбираат бенефитите од ваквото домување. Бидејќи сме групација од четири домови, поголема е предноста токму поради четирите локации на кои сме распространети во сите делови од градот, така што тоа уште повеќе им олеснува на луѓето да изберат и локациски како најдобро им одговара за нивните потреби“, додава Колев.

Феникс располага со три домови: „Феникс Геромедикал”, „Феникс Премиум” и „Феникс Фемили”, а наскоро се отвора и четвртиот под името „Феникс Гарден“ во населбата Црниче.

Повеќе