Листа на работи од детството што децата најмногу ќе ги паметат

Квалитетното време е незаменливо. Без разлика дали станува збор за обична прошетка, приказна пред спиење или заедничка активност, овие моменти ги градат врската и довербата.

38

Детството е исполнето со моменти кои остануваат длабоко врежани во меморијата.

Децата можеби нема да се сеќаваат на секој подарок што го добиле или на секоја активност што ја правеле со своите родители, но секогаш ќе се сеќаваат како се чувствувале со нив.

Чувството на сигурност, поддршка и љубов е од клучно значење за нивниот развој, а малите, секојдневни гестови често имаат најголемо влијание.

Во нејзината неодамнешна објава на Инстаграм, мајката и психологот Џејми Блох споделила листа на работи што децата најмногу ќе ги паметат од своето детство:

Кога и како сте биле тука за нив, без разлика на околностите.
Малите гестови на љубов што им ги покажувавте секој ден.
Време кога сте се спуштиле на нивно ниво, сте си играле со нив и сте покажувале интерес за тоа што им се допаѓа.
Моменти во кои сте направиле да се чувствуваат безбедно, заштитено и сакано.
Лекции што сте ги научиле со сопствениот пример.
Деновите кога сте ја препознале нивната храброст и сила, дури и кога тие самите не ги увиделе.
Ситуации кога сте ги прифатиле без осудување и сте ги охрабрувале да бидат тоа што се.
Времето кое сте го одвојувале само за нив, за да поминувате заедно квалитетни моменти.

„Квалитетното време е незаменливо. Без разлика дали станува збор за обична прошетка, приказна пред спиење или заедничка активност, овие моменти ги градат врската и довербата. Не се големите гестови она што остава најдлабока трага, туку секојдневните интеракции кои ја зајакнуваат вашата врска”, заклучува психологот.

Повеќе