Предлог за брак се случил во Фастив, во близина на Киев, додека војниците ги проверувале цивилите на воениот контролен пункт.
Четири лица со рацете потпрени на автомобилот стоеле додека војниците ги претресувале.
За тоа време, еден војник држејќи букет зад грбот клекнал зад девојка во виолетова јакна и држел прстен во раката.
Потоа се слушнала музика, а девојката се свртела и го видела своето момче.
Откако ѝ го ставил прстенот, парот се прегрнал, а сите околу нив аплаудирале.