Луѓето кои немаат деца на возраст од 50 години откриваат дали зажалиле за својата одлука

Еден корисник на Редит ги прашал луѓето над 50 години дали некогаш зажалиле за својата одлука да немаат деца. Еве што велат тие.

846

Некои луѓе заради сплет на животни околности решиле дека не сакаат да имаат деца. Некои отсекогаш знаеле дека не се за родителство. Дали некогаш во животот се покајале за таа одлука? Еден корисник на Редит ги прашал луѓето над 50 години дали некогаш зажалиле за својата одлука да немаат деца. Еве што велат тие.

1. „Го знаете она чувство кога едвај чекате да го научите детето да игра бејзбол или слично? Јас го немам. Тоа е во основа недостаток на родителски инстинкт. Имањето деца никогаш не било нешто кон што сум тежнеел. Не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против децата и навистина сум лут на луѓето кои злоставуваат деца. Едноставно никогаш не сакав свое“.

2. „Имам поделени чувства. Не сум многу по децата и мислам дека би било катастрофално да ги имам. Исто така, можев да се пензионирам на 52 години, а сигурен сум дека тоа немаше да се случи ако имав деца. Така, да, тоа беше апсолутно правилна одлука. Но, го сакам своето семејство и понекогаш се прашувам како би било да имам свои деца, да ги научам на некои работи што ги знам…“

3. „Мојата сопруга и јас одамна решивме да немаме деца, но секогаш го остававме прашањето отворено за повторно преговарање. Апсолутно не жалиме што немаме деца. Се надеваме дека така ќе се чувствуваме и во иднина. Многу луѓе не прашуваат кој ќе се грижи за нас кога ќе остариме. Без осуда, но секогаш ни се чинеше како прилично себична причина за да имаме деца“.

4. „Не жалам што немам деца, но жалам поради фактот што не бев во доволно здрава врска за да се чувствувам како да можам да имам деца. Жал ми е што не бев посилна и порано не го прекинав злоставувањето Ако бев посилна, мислам дека можеби ќе можев да имам избор“.

5. „Мојата сопруга со години работи во дом за стари лица. Таа вели дека 95 отсто од корисниците немаат семејство што ги посетува. Сè додека не умрат и не го посакаат својот дел од тортата. Тогаш сфатив дека таа приказната кој ќе ме посетува или ќе се грижи за мене кога ќе остарам, е жива глупост. После тоа решивме дека нема да имаме деца. Стекнавме многу пријатели и го видовме светот. Не жалиме заради тоа“.

6. „Не се каам. Знаев во што се впуштам кога се согласив да се омажам за мојот сопруг. Тој имаше два сина од првиот брак и направи вазектомија. Беше загрижен бидејќи бев 10 години помлада од него. Сериозно размислив и успеавме. Заедно сме 26 години. Бонус – имаме девет внуци“.

7. „Мило ми е што никогаш немав деца и што најдов партнер кој се чувствува исто. Ние сме кул тетка и вујко“.

8. „Воопшто не се каам. Токму тоа ѝ го кажав и на мојата постара сестра која исто така нема деца. И онака има веќе доволно трошоци и обврски во животот.”

9. „Не. Никогаш не сум имал потреба да менувам пелени или да го изгубам спиењето, слободното време и поголемиот дел од мојата заработка. Децата на другите луѓе се супер. Кога некој ќе ме праша што ќе правам кога ќе остарам, јас велам дека ќе посвојам 40-годишна да ми помогне“.

10. „Јас сум 55-годишна жена која никогаш не сакала деца. Едноставно не ги сакам и мајчинството ми звучи како затворска казна. Одлично ми е со мачки и кучиња, но нема место за малите луѓе во мојот живот. Многу сум среќна што немам деца и не можам да си го замислам животот поинаку“.

Повеќе