Луѓето сѐ уште не осудуваат! Maјката на дете кое таткото го заборавил во автомобил, проговори за настанот

Да се заборави дете во вжештен автомобил е една од најлошите работи што може да му се случат на родителот. Ова го доживеала и Американката Џејми Дил, пренесува The Sun. Нејзиниот сопруг Ендру еден ден го однел нивниот тригодишен син Оли во градинка наместо неа, но по пат заборавил каде оди и отишол директно на работа.

165

„Седејќи покрај безживотното тело на мојот син во мртовечницата, се распаѓав. Беше облечен во омилените пижами со желки и иако изгледаше како да спие, знаев дека моето палаво, добро момче никогаш повеќе нема да се разбуди“, го опишала Американката Џејми Дил трагичниот настан во кој го изгубила тригодишниот син кој татко му го заборавил во жешкиот автомобил.

„Некаде околу ручекот ја проверив апликацијата за градинката за да видам што јадел Оли тој ден и се изненадив кога видов дека неговото пристигнување не било ни забележано. Неколку пати му се јавив на сопругот, но тој не ми одговараше“, додала Џејми која веднаш отишла во градинка со постариот син за да види што се случува со помалиот.

Но, штом видела брза помош и полициско возило пред куќата, сè ѝ било јасно. Според неа, Оли поминал повеќе од четири часа на температура повисока од 48 степени Целзиусови и на крајот починал од ефектите на хипертермија.

Иако оваа трагедија се случи уште во 2019 година, родителите дури сега се подготвени да зборуваат за немилиот настан и денот кога го загубија синот. Најлошото нешто, објаснуваат тие, е фактот што луѓето сè уште ги осудуваат за сѐ, особено нивната мајка.

„Ме осудуваат затоа што останав со сопругот после тоа што го направи, а не разбираат дека тоа може да му се случи на секој од нас. Секако дека вината сѐ уште постои, но токму поради Оли решивме да се бориме за љубовта“, објаснува Џејми.

Семејството на Оли ја основаше и непрофитната организација Be Kind For Ollie, која работи на подигање на свеста за опасностите од жешкиот автомобил за децата и животните.

Повеќе