Маjка добила покана за свадба, ама без деца

Една мајка побарала мислење на родителски форум откако се изнервирала од поканата за свадба на која не биле поканети нејзините деца. Што мислите вие, дали е во ред да се замолат гостите да не ги носат децата на свадба?

669

Една мајка била огорчена од поканите за свадба што ѝ ги врачиле пријателите. На родителскиот форум Мамснет напишала дека е изнервирана затоа што јасно било наведено дека децата не се поканети.

„Поканети сме на две свадби без деца, двете во јуни. Одиме и на двете и бараме дадилка. Сепак, не можам да кажам дека не ме изиритира формулацијата во една од поканите”, се пожалила таа.

Таа вели дека поканата гласела: „За жал, имајќи предвид дека имаме ограничен број гости, не можеме да угостиме сечии деца. Сепак, ова е златна можност родителите да уживаат во ноќ на опуштање и непопречена веселба!“

Втората покана гласеше: „Иако ги сакаме вашите деца, имајте на ум дека ова е можност само за возрасни“.

„Првото нешто што ме мачи е тоа што нема да можам ни најмалку да се опуштам. Прилично е непријатно и скапо кога не можете да ги донесете децата. Поверојатно е дека ќе се лутам во тоалетот отколку дека ќе танцувам на маса. За мене тоа не е слободна вечер“, заклучила таа.

Многу форумџии се согласиле со неа.

„Се согласувам со тебе. Мразам кога се обидуваат да им објаснат дека всушност им прават услуга на гостите”, напишал еден татко.

„Јас сум за свадби без деца, но како што велите, треба да се биде искрен и да не се преправате дека им прави услуга на вашите гости со тоа“, вели една мајка.

Што мислите вие, дали е во ред да се замолат гостите да не ги носат децата на свадба?

Повеќе