Мајка споделува знак кој бил симптом за менингитис кај нејзиното бебе (ВИДЕО)

Една мајка споделила знак што го забележала на главата на нејзиното бебе, а кој бил симптом на потенцијално фатална инфекција.

412

Една мајка споделила вознемирувачко видео од нејзината ќерка на која ѝ се појавила испакнатина на горниот дел од главата, што било знак за потенцијално фатална инфекција. Бидејќи веднаш ја однела ќерка си во болница, девојчето закрепнало, но сега сака да ги предупреди другите дека испакнатата фонтанела може да укажува на менингитис.

„Забележав дека фонтанелата на ќерка ми е малку подигната“, се потсетува мајката за сајтот Tiny Hearts Education.

Фонтанелата е мека точка на главата на новороденчето каде коскените плочи кои го сочинуваат черепот сè уште не се споени.

„Ја однесов во болница и лекарите веднаш почнаа да ја лекуваат од менингитис. На крајот имаше 15 напади”, додала мајката.
Менингитисот е инфекција на заштитните мембрани кои го опкружуваат мозокот и ‘рбетниот мозок и може да биде фатален ако не се лекува брзо. Може да предизвика труење на крвта (сепса) опасно по живот и да резултира со трајно оштетување на мозокот или нервите.

Други вообичаени знаци на менингитис може да вклучуваат треска, ладни раце и нозе, повраќање, поспаност, конфузија, раздразливост и силна болка во мускулите. Кожата може да стане бледа со дамки, осип, силни главоболки, напади и вкочанет врат.

Ако се сомневате на менингитис, веднаш контактирајте го вашиот лекар. Не чекајте, бидејќи состојбата на детето со менингитис или септикемија може многу брзо да се влоши.

Повеќе