Мажите глумат или навистина не слушаат кога бебето плаче ноќе?

Жените имаат развиен инстинкт што ги тера да реагираат силно на плачот на бебето, дури и ако не се мајки! Мажите ги слушаат звуците на автомобили, ветер и муви, но не и звуците на бебето.

395

Многу исцрпени мајки се посомневале дека нивните партнери се преправаат дека спијат додека детето плаче среде ноќ. Сепак, најновото истражување покажува дека мажите навистина спијат цврсто.

Звуците што ги создаваат бебињата мажите не ги слушаат, но ги слушаат звуците на автомобили, ветер и досадни муви. Истражувачите ја измериле активноста на потсвеста за време на спиењето кај мажите и жените и откриле дека постои значителна разлика помеѓу половите.

Жените имаат развиен мајчински инстинкт што ги тера да реагираат силно на детскиот плач, дури и ако самите не се мајки. Исто така, откриено е дека на жените им е потешко повторно да заспијат отколку на мажите откако ќе им се прекине сонот.

„Ништо не ги прави луѓето толку депресивни како прекинатиот сон, особено кога тоа се случува неколку ноќи по ред. Затоа жените кои имаат мали бебиња можат да бидат во навистина лоша форма, што не може да се каже за нивните сопрузи”, објаснил психологот Дејвид Луиз. .

Повеќе