Мажите имаат сè помалку сперматозоиди, a еве ја и причината

„Постоеше убедлива поврзаност помеѓу зголемената изложеност на инсектициди и намалената концентрација на сперма“, објаснува Мелиса Пери, епидемиолог и микробиолог на Универзитетот Џорџ Мејсон.

966

Изложеноста на инсектициди е поврзана со помала концентрација на сперма кај возрасни мажи ширум светот, е заклучок од новата анализа на 25 студии кои опфатиле период од речиси 50 години. Тим истражувачи од Италија и САД тврдат дека тоа е најтемелната анализа на оваа тема досега.

„Разбирањето како инсектицидите влијаат на концентрацијата на спермата кај луѓето е клучно со оглед на нивната распространетост во околината и документираните опасности за половото здравје“, вели Лорен Елис, научник од Универзитетот Нортвестерн.
Тој забележува дека луѓето се првенствено изложени на инсектициди кога консумираат контаминирана храна и вода.

Елис и неговите колеги ги анализирале податоците на 1.774 возрасни мажи на четири континенти (Азија, Северна Америка, Јужна Америка и Европа) во 21 популации кои биле изложени на органофосфати и N-метил карбамати, пишува Science Alert.
„Постоеше убедлива поврзаност помеѓу зголемената изложеност на инсектициди и намалената концентрација на сперма“, објаснува Мелиса Пери, епидемиолог и микробиолог на Универзитетот Џорџ Мејсон.

Што друго влијае на недостатокот на сперма?
Постојат и други важни фактори кои можат да влијаат на плодноста. Загадувањето е поврзано со намаленото производство на сперма и кај луѓето и кај животните.
Неодамнешните истражувања на глувци покажуваат дека загадувањето го поттикнува губењето на производството на сперма преку воспалителни процеси во нивните мозоци.

Кога станува збор за органофосфатите, тимот препорачува понатамошно истражување особено за глифосат, бидејќи неговите невротоксични ефекти се проучувани, но се чини дека недостасуваат податоци за неговиот ефект врз производството на сперма.
Исто така, постојат и ограничени истражувања за N-метил карбаматите, но резултатите сепак покажуваат јасна поврзаност.

„Достапните докази достигнаа точка каде што треба да преземеме регулаторни мерки за да ја намалиме изложеноста на инсектициди“, вели Пери.

Повеќе