Милениумците споделуваат правила што не сакаат да ги следат со своите деца

Како родители, милениумците сакаат поинаку да пристапат кон воспитувањето. Тие се фокусираат на обезбедување љубов и поддршка и ја поттикнуваат автентичноста. Исто така веруваат дека менталното здравје е важно и се трудат на своите деца да им овозможат среќен и здрав развој.

132

Секој родител прави грешки, што е сосема нормално. Со оглед на тоа што милениумците денес стануваат родители, многу од нив се обидуваат да ги избегнат грешките што ги направиле нивните родители додека тие растеле.

Родителите, членови на оваа генерација, истакналеа дека сакаат да создадат отворен и доверлив однос со своите деца и дека обрнуваат повеќе внимание на чувствата, мислењата и менталното здравје на нивните деца отколку нивните родители. Тие споделија што им е приоритет во воспитувањето на децата.

Покажување наклонетост
Родителите милениумци велат дека приоритет им е да им покажат на своите деца наклонетост, што вклучува кажување „те сакам“ и извинување кога ќе згрешат.

„Моите родители беа многу ладни луѓе. Не се сеќавам дека како дете некогаш ме гушнале или ми рекле „те сакам“. Воопшто не зборуваа за чувствата, а ако плачев, тоа секогаш се третираше како пречка и ми велеа: „Нема за што да плачеш“, споделила една милениумка.

„Сакам нашата врска да биде изградена на доверба. Имаме правило дека се додека таа е искрена со нас, нема да се лутиме”, открил друг родител.

Поминување време со децата
Други родители милениумци велат дека се сеќаваат како нивните родители немале време да си играат со нив и ретко разговарале, пренесува Fox News.

Една мајка на близначки вели дека не сака да биде премногу заштитнички хеликоптер-родител и дека ги воспитува своите ќерки да се научат на независност на млада возраст.

„Мајка ми беше хеликоптер-родител. Ме разгалуваше, правејќи сè за мене, но јас им дозволувам на моите близначки да прават многу работи сами. Тие се многу независни и сакаат да ги прават работите самостојно“, објаснила таа.

Поттикнување на автентичност
Други „грешки“ кои ги отфрлиле родителите милениумци вклучуваат третмани со тишина (англ.silent treatment), занемарување на менталното здравје и очекување перфекционизам.

„Важно е да ги охрабруваме децата да бидат тоа што се. Знам дека правам многу грешки, но моите деца се добри луѓе, љубезни и грижливи кон другите, па мислам дека тоа значи дека правам нешто добро“, заклучил еден родител.

Така, како родители, милениумците сакаат поинаку да пристапат кон воспитувањето. Тие се фокусираат на обезбедување љубов и поддршка и ја поттикнуваат автентичноста. Исто така веруваат дека менталното здравје е важно и се трудат на своите деца да им овозможат среќен и здрав развој.

Повеќе