Бебе тешко колку јаболко: Најмалото родено бебе тежело само 212 грама

И покрај предизвиците и ограничените шанси за преживување, по 13 месеци поминати во болница, малата Квек Ју Џуан која била родена во Сингапур, си заминала дома со тежина од 6,3 килограми.

197

Бебето кое се смета за најмало родено бебе на светот е родено во Сингапур и тежело само 212 грама.

Квек Ју Џуан е родена во јуни 2020 година во 25-та недела од бременоста, значително порано од полниот термин, поради компликации кои произлегуваат од прееклампсија. И покрај предизвиците и ограничените шанси за преживување, по 13 месеци поминати во болница, Ју Џуан си заминала дома со тежина од 6,3 килограми.
Пред овој случај, најмалото бебе на светот било родено во 2018 година во Ајова, а било тешко само 245 грама. Девојчето Сајби, родено во болницата Шарп Мери Бирч во Калифорнија во Сан Диего, исто така тежело 245 грама при раѓањето и успешно се борела за својот живот, иако лекарите предвидувале дека нема да преживее повеќе од еден час. По шест месеци хоспитализација, Сајби била пуштена дома како здраво бебе тешко речиси два и пол килограми.

Повеќе