Млада мајка наброја 3 контроверзни правила со кои го воспитува синот, луѓето се поделени (ВИДЕО)

Разни луѓе, разни практики, па дури и кога станува збор за родителството, секој си има поинакви идеи за тоа што е добро за неговото дете. Оваа мајка споделика три правила кои и ги применува, а и самата ги нарекла контроверзни

144

Младата мајка Леа на својот профил на Тик-Ток сподели неколку контроверзни правила со кои го воспитува својот син, што таа ги смета за важни. За кратко време нејзиното видео стана вирално, а предизвика жестока дебата меѓу родителите бидејќи некои мислат дека одредени работи што таа ги прави не се баш најдобри.


Како што открила во објавеното видео, првото нешто што го применува при воспитувањето на нејзиниот син е фактот што тој спие на душек на подот. Сепак, таа објасни дека секогаш внимава на него. Покрај тоа, нејзиниот син нема никаков распоред за спиење, туку спие кога и каде сака.
„Не следам строг распоред за спиење. Ако е уморен, спие“, објасни мајката. На видеото може да се види нејзиниот син како спие на случајни места. На крајот, таа мисли дека повеќето мајки би ја осудиле затоа што почнала да го храни синот со вештачко млеко шест месеци по породувањето.

„Се издојував и имав многу млеко, но подоцна ми здодеа и престанав. Сега користиме формула млеко“, додаде таа. Иако имаше и такви кои ги поддржаа нејзините методи, повеќето родители сметаат дека греши.

Што мислите вие?

Повеќе