Момче од Британија постигна повисок коефициент на интелигенција од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг

Единаесетгодишниот Јусуф Шах доби највисок можен IQ резултат победувајќи ги двајцата најпознати генијалци во светот.

422

Јусуф Шах, 11-годишно момче од британскиот град Лидс постигнало повисок коефициент на интелигенција од двајца од најпознатите генијалци во светот, Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Пријателите на Јусуф во Лидс секогаш му велеле дека е многу паметен, но тој сакал сам да го провери тоа со полагање на тестот Менса.

Постигнал 162 – максимален коефициент на интелигенција за лица под 18 години, што го става во редот на многу мал процент на луѓе.

Хокинг постигнал оценка од 160, а Ајнштајн никогаш официјално не го полагал тестот, но се верува дека би го имал истиот резултат како Хокинг.

„Сите на училиште мислат дека сум навистина паметен и отсекогаш сум сакал да знам каков е мојот коефициент на интелигенција. Посебно е чувството да се има сертификат со овој резултат”, рекол Шах.

Јусуф моментално е шесто одделение и се надева дека ќе студира математика на Оксфорд или на Кембриџ. Истакнува дека сака да прави работи кои го стимулираат неговиот ум, како на пример да решава Рубикова коцка. Кога првпат ја добил, му требал еден месец за да ја состави. Покрај тоа, тој ужива да решава судоку.

Повеќе