Зимска храна која би можела да го зајакне имунитетот на детето

Доколку сакате да се обидете да го зајакнете имунитетот на вашето дете на природен начин, прво почнете од сопствената кујна. Воведете на „репертоарот“ барем некои од овие намирници

213

Поладниот период од годината со себе носи разни болести и инфекции. Децата кои живеат во колектив се особено подложни на нив. Ова не е неочекувано бидејќи тие сѐ уште го градат својот имунитет.

Доколку сакате да се обидете да го зајакнете имунитетот на вашето дете на природен начин, прво почнете од сопствената кујна. Постојат намирници кои се богати со материи кои ќе му помогнат на детскиот организам да се одбрани од вируси и бактерии.

Слатки компири
Слаткиот компир е богат со влакна, калиум и витамини. Освен што е вкусен, го зајакнува имунитетот.

Урми
Урмите помагаат во стимулирање на имунолошкиот систем, го намалуваат воспалението и ги регулираат хормоните. Тие содржат фитонутриенти, растителни соединенија кои имаат повеќекратни здравствени придобивки.

Агруми
Полни со витамин Ц, агрумите како портокали, лимони, лимета, грејпфрут и мандарини се одлична поддршка на имунолошкиот систем.

Цвекло
Цвеклото е богато со влакна, поради што е одлично за здравјето на дигестивниот систем. Помага во борбата против болестите и го зајакнува имунолошкиот систем.

Репка
Одличен додаток на јадења на лажица го зајакнува имунитетот. Содржи витамин Ц и аскорбинска киселина, која е моќен антиоксидант кој му помага на телото да се одбрани од патогени.

Кисела зелка
Нема сомнеж дека многу луѓе едвај ја чекаат зимата поради киселата зелка. Иако не им е омилена состојка на јадењето на децата, ќе им користи доколку освен сарма, изедат понекогаш ситно сечкана кисела зелка. Освен што го зајакнува имунитетот, поволно делува и на варењето, срцето и циркулацијата на крвта.

Во јакнење на имунитетот на возрасните како корисни се покажале боровинките, печурките, ѓумбирот, пиперките, брокулата, лукот, спанаќот и кивито.

Повеќе