Најдобри техники за ублажување на породилните болки
Длабоките вдишувања и издишувања при самото породување се од клучно значење за одвлекување на умот од самата болка. Доколку сте голем љубител на музиката, а ви е дозволено да ставите слушалки за време на породувањето и да пуштите песна која ви дава доволно енергија, нема да имате големи проблеми.
Породилните болки се она што најмногу ја загрижува секоја трудница – колку се силни, дали се издржливи, како да ги ублажите и како да се справите со нив без да примате анестезија.
Многу мајки имаат трикови како можете да избегнете секаков вид на анестезија и во исто време да ги олесните породилните болки.
Некои од овие техники бараат упорна практика во текот на бременоста.
Ублажување на породилните болки преку вежби за дишење
Вежбите за дишење се клучни за сите стресни ситуации во кои нашето тело се бори со влијанија на кои не е навикнато, што е случај и со породувањето.
Длабоките вдишувања и издишувања при самото породување се од клучно значење за одвлекување на умот од самата болка.
Со фокусирање на болката ѝ давате само поголемо значење и влијание над своето тело, па затоа е важно да се сконцентрирате и да се фокусирате на длабокото дишење. Таквото фокусирање бара многу енергија и ментална сила, но со вежбање и упорност ќе го постигнете тоа.
Многу мајки докажуваат дека секогаш кога ќе го изгубеле фокусот на дишењето, болката станувала посилна и нивното тело станувало послабо пред нејзините налети.
Промена на положбата – важна за ублажување на болката при породување
Самите пренатални болки може да се ублажат со промена на положбата на телото – обидете се да пешачите, да возите велосипед или што и да ви е удобно во тој момент.
Една од три трудници всушност тврдат дека одењето им помогнало пред да започне породувањето.
Масажа – секогаш пријатна
Масажата на грбот и стапалата е најдоброто нешто што некој може да ви го даде кога ќе започнат породилните болки. Замолете го вашиот партнер да ги масира сите оние делови од вашето тело каде што чувствувате неподнослив притисок.
Ублажување на породилните болки со потопување во вода
Многу мајки кои го пробале ова тврдат дека болката станува поподнослива, а се чувствуваат поопуштено, па не е ни чудо што некои жени го избираат овој метод на породување, иако кај нас не е популарен. Раѓањето во вода сè уште е неконвенционална одлука која може да стане вообичаена во иднина.
Визуелизација – безболно породување
Некои трудници тврдат дека во мислите секогаш оделе во некое за нив смирувачко и посебно место и дека тоа им помогнало да се издигнат над болката што ги обземала.
Исто така, некои трудници велат дека вежбале да го визуелизираат самото породување многу пред тоа да се случи и се подготвувале дека ќе биде болно и тешко, но дека болката ќе трае кратко.
Ова им помогнало да го намалат интензитетот на породилната болка поради исчезнувањето на факторот изненадување. Обуката за визуелизација им овозможила да почувствуваат поблага верзија на болка и породување, со оглед на тоа дека се подготвиле за најлошото.
Музика
Доколку сте голем љубител на музиката, а ви е дозволено да ставите слушалки за време на породувањето и да пуштите песна која ви дава доволно енергија, нема да имате големи проблеми. Слушајте ја таа песна пред да се породите и обидете се секогаш да се опуштите и да се чувствувате ослободено со неа, така што познатата мелодија ќе ги разбуди сите чувства поврзани со неа за време на породувањето.