Наставник од Подгорица ги учи своите ученици да пеглаат и да диплат, ама и да пржат палачинки и мекици (ВИДЕО)
Наставник од Црна Гора веќе 5 години го спроведува проектот „Училиште за животни вештини“, во чии рамки ги учи учениците во училиштето каде што предава на различни вештини од секојдневниот живот, пеглање, диплење, готвење,…
Сава Ковачевиќ е наставник во ОУ „Октоих“ во Подгорица, Црна Гора и за него уште пред неколку години слушна целиот регион. Имено, тој од 2017 година го спроведува проектот „Училиште за животни вештини“ и во рамки на тој проект низ забава и смеа ги учи своите ученици да пеглаат и да диплат алишта, да пржат палачинки и мекици и многу други корисни нешта.
Наставникот Сава се грижи за своите ученици, а доказ за тоа се многубројните награди и убавите зборови кои и учениците и колегите ги имаат за него низ целиот регион.
Покрај тоа што ги учи како да пржат палачинки, тој ги учи и да не бидат мрзливи луѓе кои зависат од другите, туку сами да си ги организираат работите.
Откако пред три години, на официјалната Фејсбук страница на основното училиште Октоих од Подгорица се појави објава на која се гледаат учениците од V-2 од ова училиште како преку забава и смеа учат да пеглаат кошули, панталони и маици со помош на нивните наставници, сите се запрашавме кој е овој човек и како успева да го задржи вниманието на децата за време на обуката за домашни работи?
Се дозна дека токму учителот Сава Ковачевиќ, без лажна скромност и претензии, веројатно е еден од омилените професори на територијата на поранешна Југославија.
Тој е познат како учител кој во дневникот не ги гледа учениците по нивните имиња, туку им е максимално посветен. Ги учи, се грижи за нив и не дозволува никој да каже нешто лошо за нив.
Сава е добитник на награда од Фондот за квалитет и таленти, како и признание од регионалното здружение Најдобри учители на поранешна Југославија.
Денес, во време кога децата им се восхитуваат на јутјуберите и инфлуенсерите, навистина е реткост да се заинтересираат децата сами да извршуваат некои основни домашни работи и тоа да го прават со насмевка на лицето. Токму поради начинот на кој Сава се однесува кон учениците, објавата за него повторно стана вирална на социјалните мрежи.
Погледнете го видеото: