Не е добар затоа што молчи, молчи затоа што не му е добро

Пред да почнете да покажувате со прст кон другите, можеби треба да го ставите на челото. И да го прашате она тивко момче од соседството како му поминал денот. А неа да ѝ кажете колку фантастично изгледаат нејзините диоптриски очила. И кога детето ви кажува што му се случило, навистина да го слушате, вели авторката на текстот

383

Не ми е добро ниту како на човек, ниту како на мајка, ниту како на наставник, ниту како на наставник во училиштето кое е во соседството на она во кое се случуваше се. Вака велам на родителската средба – не ме интересираат нивните оценки.

Ме интересира какви луѓе ќе испратам од овде. Не можам да дозволам некој да дојде во училиште со болка во стомакот и да си замине со таа болка. Тоа ме интересира. Само тоа. Затоа ги пишувам овие зборови, кои се крик. Или нешто друго. Не знам.

Уште само пет минути. Потоа стана, ги изми забите и го спакува сендвичот што ѝ го направи мајка ѝ. Нејзиниот омилен. Таа влезе во своето училиште, во нејзината училница, седна во клупата. Со своите другари.

Гласот ѝ беше уште рапав од сабајле, немаше време ни да каже каде била за Први мај. Таа дури и не го изеде сендвичот. Не се врати дома од училиште. И никогаш нема да се врати.

И не ми е гајле каде згрешил системот. И како да е битно кој е виновен.

Ако ви треба одговор. Еве го.

Сите.

Пред да почнете да покажувате со прст кон другите, можеби треба да го ставите на челото. И да го прашате она тивко момче од соседството како му поминал денот. А неа да ѝ кажете колку фантастично изгледаат нејзините диоптриски очила. И кога детето ви кажува што му се случило, навистина да го слушате.

Не е добар затоа што молчи. Молчи затоа што не му е добро. Затоа што се ќе биде во ред. Додека еднаш не биде.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе