Не им го правете ова на своите деца! Ова се работите што ги прават сите токсични мајки

Го споредувате со другите деца сметајќи дека од тоа ќе добиете нешто позитивно, му префрлате велејќи: „Ти никогаш…“ или „Ти секогаш….“ Внимавајте, психолозите велат дека овие и некои други работи може да имаат сериозни последици врз детето

4.844

Растењето со токсична мајка може да има сериозни последици по животот на детето, објаснуваат психолозите. Тие исто така истакнуваат дека постојат одредени работи што ги прави речиси секоја токсична мајка, а кои можат да предизвикаат повеќе штета отколку добро, пренесува Psychology Today.

Засрамување на детето
Според психолозите, ова може да започне веќе во раното детство, а мајките кои имаат навика да ги срамат своите деца обично користат фрази како „ти секогаш“ или „ти никогаш“. Ако мајката ги користи доволно често, детето ги толкува овие пораки како одредена доза на самокритичност, а секој иден неуспех го припишува на неговите карактерни маани. Истражувањата покажуваат дека кај повеќето деца, особено кај девојчињата, оваа навика резултира со самокритика, лошо ментално здравје, па дури и депресија.

Префрлање на вина
Токсичните родители имаат навика да ги обвинуваат луѓето околу нив, вклучително и децата, за секоја грешка што ја прават. Оваа навика не само што има лоши резултати кога станува збор за здравјето и самодовербата на детето, туку може подоцна и самото да се однесува на ист начин бидејќи таквото однесување го усвоило од мајка си, тврдат психолозите.

Споредување со другите
Една од работите што често ја прават токсичните мајки е да го споредуваат своето дете со други деца, често со нивните браќа и сестри. Имено, ова е одреден начин на емоционална манипулација во која мајката се обидува да го посрамоти детето и да го натера да се чувствува лошо, со цел, на пример, да направи нешто што во иднина ќе биде побарано од него, да добие подобри оценки или да биде попослушен. Сепак, експертите објаснуваат дека ваквото однесување не дава добри резултати, напротив, негативно се одразува на самодовербата на детето, но и на неговиот однос со мајката.

Прикриена или пасивна агресија
Викањето и физичкото казнување не се единствените работи што му штетат на детето. Мајка која има навика да покажува пасивна или прикриена агресија кон своето дете, исто така, негативно влијае на многу аспекти во неговиот живот. Едно истражување покажало дека децата кои биле изложени на вербална уцена или навреди во детството подоцна биле анксиозни, поповлечени, имале проблеми со спиењето и биле повеќе склони кон депресија. Адолесцентите кои биле изложени на прикриениот тип на пасивно агресивно однесување на мајката имале проблеми со регулирање на однесувањето како што е недостаток на внимание и концентрација на часовите, биле агресивни и склони кон кршење на правилата.

Повеќе