Не можам да си ја дозволам мојата жена!

Сопруг чија жена останала дома за да се грижи за детето, пресметал дека нејзините „услуги“, односно, сѐ она што таа прави за синот, за него и генерално, за целото семејство, би вределе околу 67.600 евра годишно. Заклучил, дека тој не би можел „да си ја дозволи“ својата сопруга

231

Откако Стивен Нелмс и неговата сопруга Глори го добиле синот Есра, младата двојка се договорила Глори да ја напушти работата и да се посвети на воспитувањето на детето. Во тоа време Стивен напишал трогателен текст за неговата сопруга кој стана вирален.

„Веќе некое време ја имам оваа мисла во мојата глава. Размислував за тоа дека не можам да си дозволам жена ми да биде мајка која ќе остане дома”, напишал Стивен.

„Мојата сопруга останува дома и се грижи за нашиот син секој ден. Му менува пелени, го храни, си игра со него, го заспива и го теши. И тоа е само минимум. Се разбира, кога си родител , природно е да го сакаш своето дете и да се грижиш за него, но тоа може да се пресмета во пари“, продолжил тој.

Потоа пресметал колку вреди трудот на неговата сопруга за една година. На пример, просечната плата на дадилка со полно работно време е 33.500 евра годишно. Трошоците за чистење на куќата се околу 4700 евра годишно. За личен готвач треба да се издвојат околу 11.400 евра, додека трошокот за перење би чинел околу 1.100 евра.

„Генерално, кога ќе ги соберам сите ставки, доаѓам до сума од 67.600 евра годишно. Имајте на ум дека нема боледувања или слободни денови. Тука не се вклучени сите поволности што би ги уживал некој со таа плата. Не можам да си ја дозволам сопругата. Срам ми е ако некогаш ја натерав да се чувствува виновно кога си купила нешто за себе. Таа ме сака мене, го сака нашиот син и нашето семејство и не го прави сето горенаведено за плата или признание“, објаснил тој.

На крајот, тој додал дека верува дека жените ги боли кога знаат дека нивната проценета годишна плата е речиси двојно поголема од реалните приходи на нивниот партнер.

„Се надевам дека со ова покажав колку ја ценам сопругата како мајка на моето дете. Ти си поскапоцена и од рубин”, заклучил тој.

Повеќе