Не може човек ни да умре на раат! Наместо цвеќе, на гробовите се ставаат QR-кодови 

Нов тренд на надгробните плочи по гробиштата низ светов, па дури и во соседна Србија, се QR кодовите кои може да ги скенира кој ќе стаса и да види дел од животот на покојниот

364

Не може човек ни да умре на раат! Освен што кога некој ќе умре, сите веднаш мораат да напишат нешто на Фејсбук и најчесто, во напишаното му се обраќаат директно, на покојниот, а во прилог ставаат дури и слика на која се тие и тој (или таа), како доказ дека биле блиски демек, па сега на надгробните плочи почнаа да се ставаат и QR кодови.

Кога ќе се скенира кодот, се прикажува снимка од покојникот и секој што ќе го скенира може да види дел од неговиот живот.

Технологија, интернет, Фејсбук – мејсбук, немало спас ниту на оној свет. Можете ли да замислите дека кога ќе застанете над нечиј гроб, ќе можете да ја дознаете целата историја на неговиот живот? Епа ете, и тоа е можно. Потребно е само да имате паметен телефон.
Видеото од гроб со QR код поставен на споменикот стана вирално на Тик-Ток. Кога ќе се скенира кодот, се прикажува снимка од последниот танц на брачната двојка погребана таму. Семејството исто така поставило и други спомени од нив.
И секако, станува збор за нов бизнис, непресушен, како оној на наш „Бутел“, а луѓето се воодушевени.

Овој тренд не е актуелен само низ светот, туку стасал и до соседна Србија.

Повеќе