Некои луѓе не заслужуваат дете! Бизарна реакција на една мајка на забава за откривање на полот (ВИДЕО)
Кога трудницата дознава дека ќе роди уште една ќерка, а не син на кој очигледно се надевала, реагира на прилично неверојатен начин. Бизарната реакција е објавена во видео на Тик-Ток
Откривањето на полот на бебето обично е прекрасно и емотивно искуство за повеќето родители, но во ретки случаи може да биде многу непријатно. Една мајка сподели видео од забавата за откривање на полот на нејзиното бебе на Тик-Ток што ги шокираше луѓето и предизвика бурни реакции. Нејзината бизарна реакција кога дозна дека ќе добие уште едно девојче ги запрепасти сите што ја видоа објавата.
Кога трудницата дознава дека ќе роди уште една ќерка, а не син на кој очигледно се надевала, реагира на прилично неверојатен начин. Таа ја превртува масата и ги кине речиси сите розови балони, а нејзините гости се шокирани од однесувањето на идната мајка. Негативните коментари веднаш станаа вирални и на Тик-Ток.
„Колку е ова неблагодарна, јас би ги земала подароците што сум ги донела и би си заминала“, „Не ми се верува дека идна мајка се однесува вака“, „Некои навистина не знаат да го ценат тоа што го имаат, жално е“ , се само дел од коментарите.