Необични знаци кои можат да откријат дека се приближува породувањето
Освен вообичаените симптоми како спуштање на стомакот, пукање на водењакот и трудови, постојат и оние помалку познати кои повеќето трудници ретко ги поврзуваат со доаѓањето на бебето.
Исчекувањето на породувањето е возбудливо искуство за секоја мајка. Пред да започне самото породување, телото на жената сериозно се подготвува за тоа, а одредени необични работи можат да навестат дека е многу блиску. Иако спуштањето на стомакот, пукањето на водењакот и трудовите се вообичаените знаци кои упатуваат на тоа, постојат и оние помалку познати кои повеќето трудници ретко ги поврзуваат со доаѓањето на бебето.
Како што откриваат гинеколозите, тоа главно подразбира невообичаени знаци како што се дијареа, ненадејни промени во расположението, гадење и повраќање, поспаност, несоница и чувство на анксиозност, притисок во вагината, губење на апетитт, зголемен вагинален исцедок и болки во долниот дел на грбот.
Исто така, некои бремени жени може да забележат невообичаени симптоми на настинка или грип пред породувањето, како што се затнат нос, главоболка и кашлица.