Осум најчести грешки со кои родителите сами го саботираат воспитувањето на своите деца

Родителите често потполно несвесно ги саботираат своите дисциплински напори правејќи барем една од осумте вообичаени грешки.

100

Иако ниту еден родител не е целосно совршен кога станува збор за воспитувањето на детето, особено ако станува збор за прво дете, експертите нагласуваат дека сепак постојат одредени грешки кои родителите често ги прават сосема несвесно, а кои лошо влијаат на физичката и психичката состојба на детето.

Како што објаснуваат, родителите често потполно несвесно ги саботираат своите дисциплински напори правејќи барем една од осумте вообичаени грешки.

Проверете ја листата и размислете дали се тие дел и од вашиот репертоар:

критикување на детето јавно, односно пред други луѓе или пред неговите врсници
давање нејасни инструкции
поткуп
занемарување на емоционалните потреби на детето
префрлање на вината на детето
засрамување на детето
незабележување на доброто однесување
дозволување на лоши навики.

Повеќе