Осумгодишниот Петар од Загреб е светски шампион во ментална аритметика
„Куала Лумпур е многу голем град – најголемиот во кој сум бил досега. Има многу облакодери и големи згради. Храната е многу зачинета и мириса поинаку од нашата, а луѓето се многу гостопримливи”, изјавил шампионот по математика, откривајќи дека Загреб и понатаму е поубав од главниот град на Малезија.
Осумгодишниот Петар Андачиќ од Загреб е прогласен за шампион на светскиот натпревар по ментална аритметика АЛОХА. На тој натпревар, кој се одржа во Куала Лумпур, главниот град на Малезија, учествувале 700 деца од 15 земји, а државниот првак на Хрватска се пласирал меѓу најдобрите.
„Пред самиот натпревар чувствував голема возбуда и имав мала нервоза бидејќи првпат учествувам на вака големо натпреварување. Откако го напишав тестот, нервозата исчезна бидејќи бев задоволен од бројот на решени задачи”, изјавил Петар Андачиќ, ученик од трето одделение од основното училиште Кајзерица.
На натпреварот тој за пет минути успеал да реши дури 66 задачи. Ваквиот резултат сведочи за неговите математички вештини, но и за неговата упорност, храброст и борбеност. Кога бил прогласен за шампион, го преплавиле, признава, чувства на среќа и гордост.
„Успехот на Петар е фантастичен! Тој се натпреваруваше во категоријата Tiny Tots 7, во која пред натпреварувачите беа ставени 70 аритметички проблеми. Ние сме крајно горди на неговиот резултат, кој потврди дека Хрватска припаѓа на самиот врв на светот во ментална аритметика“, изјавила д-р Бранка Новосел, основачка на отвореното училиште Литера, која го донела Алоха во Хрватска.
Победниците на светскиот натпревар во Алоха се класифицирани во пет категории, а пред титулата шампион, со која се закитил Андачиќ, останува само титулата голем шампион. Брилијантниот основец од Загреб ќе донесе со себе грст спомени од Малезија, заедно со пехарот.
„Куала Лумпур е многу голем град – најголемиот во кој сум бил досега. Има многу облакодери и големи згради. Храната е многу зачинета и мириса поинаку од нашата, а луѓето се многу гостопримливи”, изјавил шампионот по математика, откривајќи дека Загреб и понатаму е поубав од главниот град на Малезија.
Светскиот натпревар во Алоха се одржува во различен град секоја година. Оваа година се одржа во Куала Лумпур, бидејќи токму во Малезија беше создадена меѓународна програма за ментален и интелектуален развој на децата – денес најголемата во светот – пред 30 години. ALOHA го зајакнува детскиот мозок користејќи абакус и ментална аритметика и развива математички вештини, логика и апстрактно размислување.