Ова е најдоброто училиште на светот и во него би сакале да одат сите деца (ВИДЕО)

Децата кои учат во училиштето „Агора“ во Роермонд, Холандија велат дека уживаат во слободата да истражуваат и да учат што сакаат.

101

Едно училиште во Холандија нема паралелки, училници, па дури ниту наставна програма. Тоа е една од ретките институции што го крши конвенционалниот пристап што се користи во образовните институции ширум светот.

„Добиваме околу 70 барања неделно од целиот свет од луѓе кои сакаат да дојдат и да видат што правиме овде. Повеќето ги одбивам, едноставно немам време за сето тоа“, вели Роб Хоубен, директор на училиштето „Агора“ лоцирано во Роермонд, Холандија.

Целиот пристап на училиштето е насочен кон проекти затоа што се фокусира на „учење, а не на подучување“.

Учениците во Агора се на возраст од 12 до 18 години и секој од нив има контрола да одредува во која насока ќе се движи неговото образование. Истражуваат и учат за теми и работи што ги интересираат.

Хоубен ја опишува Агора „како мешавина од универзитет (каде што имаш знаење), будистички манастир (каде што можеш да размислуваш), тематски парк (каде што можеш да си играш) и заеднички пазар (каде што можеш да ги менуваш работите)“.

Секој ученик има работна маса, но си ја приспособува на себе. Така, на пример, на една е прикачен преден дел од автомобил што е земен од локален отпад.

Учениците од Агора велат дека она што најмногу им се допаѓа на училиште е „слободата да истражуваат и да учат што сакаат“.

„Луѓето нѐ гледаат чудно. Тие мислат дека треба да имате четири часови по математика неделно, но во Холандија тоа не е така. „Владата само бара од вас да ги доведете учениците на одредено ниво, во одреден временски период“, вели Хоубен.

Ова училиште овозможува и користење на мобилни телефони и интернет.

„Сите наши деца добиваат лаптопи бесплатно, така што учениците имаат пристап до интернет цел ден. Им дозволуваме да ги користат телефоните цел ден, затоа што треба да научат како да не го користат телефонот во одредено време. Тоа не го учиш кога ќе го ставиш телефонот во шкафче, затоа што тогаш треба да имаш шкафче цел живот“, вели Хоубен.

Во училиштето моментално има 250 ученици, а има многу долга листа на чекање на деца кои сакаат да се приклучат.

Агора го следи напредокот на учениците користејќи Egodact, софтвер дизајниран од тројца ученици, пренесува ummid.com.

Повеќе