Ова е причина број 1 поради која луѓето се разведуваат

Причината поради која луѓето се разведуваат е тоа што не комуницираат, вели Лора Васер, адвокатката која застапувала многу славни личности во текот на бракоразводните постапки, вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Бритни Спирс и Аријана Гранде.

491

Ако сте ги следеле разводите на познати личности во последните неколку години, сигурно сте го забележале името на Лора Васер. Оваа адвокатка застапувала многу ѕвезди во бракоразводните постапки, вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Бритни Спирс и Аријана Гранде.

Разводите на славните не се толку различни од оние на другите луѓе, вели таа.

„Луѓето го доживуваат истиот страв и болка во срцето, без разлика дали се познати личности или не“, изјавила за CNBC.

Најчеста причина зошто луѓето одлучуваат да ја раскинат својата заедница, без оглед дали се славни или не, е исто така иста.

„Причината поради која луѓето се разведуваат е тоа што не комуницираат“, забележува Васер.

Недостатокот на комуникација е причината за повеќето проблеми, па Васер советува да ги расчистите клучните теми со вашиот партнер пред брак, на пример, за училиштата во кои ќе одат вашите деца и за тоа дали е во ред нечии родители да живеат со вас на старост.

„Овие разговори не се забавни, но можат да ви заштедат пари и болка во срцето ако не се согласувате. Потребите на луѓето исто така може да се променат во текот на бракот, а во тој случај клучна е добрата комуникација. Ако вашиот партнер не знае како се чувствувате, неизбежно е дека нема да ги задоволи вашите потреби и дека бидете несреќни. Потоа се акумулира незадоволство и почнувате да ја насочувате својата енергија на друго место“, вели адвокатката.

Иако се тешки, искрените разговори пред бракот или на почеток на бракот помагаат да се поттикне здрава комуникација, што е од суштинско значење за среќен соживот.

Повеќе