Ова се знаци по кои можеме да препознаеме дислексија кај децата

„Раното препознавање на знаците на дислексија може значително да влијае на образованието на детето. Ако состојбата се препознае на време, децата на крајот ќе постигнат способност да читаат на ниво на другите врсници”, вели Бенџамин Пауерс од Фондацијата за дислексија.

1.416

Најчеста заблуда за дислексијата е дека луѓето само ги менуваат буквите додека читаат. Иако ова е делумно точно, оваа заблуда често води до тоа дислексијата погрешно да се замени со други потешкотии во учењето или да остане незабележана. За децата со дислексија, раната интервенција е исклучително важна.

„Раното препознавање на знаците на дислексија може значително да влијае на образованието на детето. Ако состојбата се препознае на време, децата на крајот ќе постигнат способност да читаат на ниво на другите врсници”, вели Бенџамин Пауерс од Фондацијата за дислексија.

Дислексијата е нарушување на учењето кое погодува приближно едно од пет деца. Во раното детство, знаците на дислексија вклучуваат грешки во изразувањето, како што е на пример „печето Меро“ наместо „мечето Перо“. Детето може да се мачи со именување познати предмети, може да има потешкотии со римување и со низи и може да има проблем да ги следи насоките со повеќе чекори.

Во пониските одделенија, децата со дислексија може да имаат проблем да ги запомнат имињата на буквите и нивните звуци. Тие се збунети од буквите кои изгледаат или звучат слично, имаат проблем со читањето познати зборови, менуваат зборови кога читаат на глас, имаат потешкотии во правописот и им е тешко да одвојат поединечни звуци во зборовите или не можат да комбинираат букви во збор.

Во повисоките одделенија може да дојде до забуна или прескокнување на пократки зборови, има потешкотии во стекнувањето нови зборови. Детето може да има проблеми со препознавањето на вообичаените зборови, да се мачи да објасни што се случило во приказната. Карактеристиките на дислексијата вклучуваат слаб правопис и избегнување на читање секогаш кога е можно, или фрустрација и вознемиреност во текот на читањето.

Едукаторите и психолозите се обучени да препознаваат дислексија. Родителите, исто така, треба тесно да соработуваат со наставниците, педијатрите и, доколку е потребно, со други медицински професионалци, вклучително и невропсихолози и логопеди, доколку се сомневаат дека нивното дете има дислексија.

Повеќе